03 Јули, 2024
0.0270

Цената на горивата допрва ќе паѓа!

Објавено во: Свет 24 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Во петокот цената на нафтата падна до нивоа невидени од март 2009 година, откако лошите податоци за кинеското производство натежна врз изгледите пред глобалниот раст и агрегатната побарувачка. Минатата недела стана јасно дека производствената активност во најголемата азиска економија, онаа на Кина, се намалила до шестгодишно дно во август. Тоа ги засили стравувањата дека растот во поднебесната империја се забавува. Кина е втор по големина потрошувач на нафта по САД, а податоците за производството на земјата често се користат за индикатор за зголемување на побарувачката на гориво. На берзата во Лондон акциите на нафтата брент за испорака во октомври паднаа до 45,07 долари за барел во текот на седницата во петокот, за да запишат најниски цени од март 2009 година. Нафтата ја заврши петочната сесија по цена од 45,46 долари за барел - намалување од 2,49% за денот. Во неделата "црното злато" поевтини со 7,58% и ја забележа осмата недела по ред на пад на цената - одраз на загриженоста дека светските пазари се презаситени, резимира Investing.com. Светското производство на нафта ја надмина побарувачката по бумот на американскиот принос од шкрилци и одлуката на земјите од ОПЕК да не го намалуваат производството. Во исто време акциите на американскиот нафта WTI потонаа под нивото од 40 долари за барел за прв пат по над шест години поради знаците дека најверојатно експлоатацијата во САД ќе продолжи да расте, за да додаде уште продукција кон презаситениот пазар. Во Њујорк акциите на "црното злато" со испорака во октомври потонаа до цени од 39,86 долари за барел, најниска цена по нивоата од март 2009 година Истражувачката група Baker Hughes соопшти доцна во петокот дека бројот на платформите за екстракција на "црното злато" во САД се зголеми за две минатата недела до 674, што е петти последователен неделен раст. Во неделата акциите на нафта кои се тргуваа во Њујорк, се урнаа со 2,39 долари за барел, или пад од 6,17%, за да запишат десета недела по ред на загуба. Распослан меѓу нафтата брент и WTI e 5,01 долари за барел на крајот на петочната седница. Обработка: К.К. Извор: Investing.com

Можеби ќе ве интересира

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар