Цената на златото скокнала за 17% во првиот квартал
Објавено во: Економија 19 Април, 2016 13:53
Цената на златото на меѓународните берзи забележа раст од 17 %, во првиот квартал од 2016 година, што се смета за највисок во последните 30 години.
Цената на златото денеска изнесува 1232 долари за унца. Се смета дека ваквиот раст е резултат на намалената загриженост за растот на глобалната економија, финансиската стабилност на брзорастечките пазари, спроведувањето на политиките на негативни каматни стапки, запирањето на зајакнувањето на доларот во однос на другите валути, но и силната инвестициска побарувачка за злато.
Австралиските експерти предвидуваат голем раст на цената на овој благороден метал годинава. Спот цената на златото од почетокот на годината е во добивка од речиси 18%, по три години загуби.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




