20 Декември, 2025
0.0479

Ципрас претстави строг буџет со надеж за реструктуирање на долгот

Објавено во: Балкан 06 Октомври, 2015 09:48

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во понеделникот повторно изјави дека ќе бара отпишување на долгот, откако неговата влада претстави строг буџет за 2016 година, кој се придржува стриктно кон целите на меѓународниот спасувачки заем во духот на соработката со европските кредитори и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), објави Ројтерс.

Нацрт поднесен од Ципрас заедно со четиригодишната политичка програма пред парламентот, предвидува дека економијата ќе остане во рецесија следната година, намалувајќи се со 1,3%, откако се намали за 2,3% во 2015 година, но ќе се направи пресврт кон раст во 2017 година.

Ципрас, чие лева влада е реизбрана на 20 септември, откако направи пресврт и усвои спасувачки заем во вредност од 86 милијарди евра во замена за намалување на трошоците, зголемување на даноците и економски реформи под строго надворешно набљудување, изјави пред пратениците дека ќе се пазари сериозно за отпишување на долгот.

Буџетот содржи штедење за вкупно 6,4 милијарди евра за оваа и следната година, како 4,34 милијард евра се издвоени за 2016 година.

Министрите за финансии од еврозоната се согласија да разговараат за ограничено реструктуирање на долгот, но не и отпишување, ако Грција успешно помине во првата проверка на новата спасувачка програма до крајот на годината, која предвидува усвојување на големи реформи во даночниот систем, пензиите и јавната администрација.

Ципрас изјави дека владата ќе ги прифати сите неопходни закони за да се постигне позитивен извештај и ја отвори вратата за преговори за долгот, кои се од витално значење за економско заздравување.

Ќе понудиме продолжување на зрелоста, намалување на каматните стапки и преминување кон стабилни каматни стапки ", рече тој.

"Ќе понудиме и клаузула за раст (поврзана со големината на сервисирање на долгот спрема растот на БДП) и продолжен грејс период (на плаќањата на сервисирањето на долгот), за да создадеме доволно фискален простор за поддршка на инвестициската активност и реструктуирање на нашата социјална држава ".

Премиерот изјави дека Владата цели да закрепне пристапот до пазарите на капитал во рамките на 20 месеци пред првата половина на 2017 година и се очекува економски раст до средината на следната година. Економистите велат дека и двете цели изгледаат премногу оптимистички, ако не и невозможно.

"Имплементацијата на условите на спасувачкиот заем е потребно, но недоволно само по себе. Имаме потреба од мрежа од паралелни дејства ... во наредните 20 важни месеци ние да ја постигнеме целта да ја повратиме ликвидноста и да го вратиме пристапот до пазарот ", рече Ципрас.

Иако претставниците на Владата се оптимисти дека рецесијата оваа година ќе биде помека од предвидената во спасувачката програма, благодарение на повисоките приходи од туризмот и посилните од очекуваните податоци за првата половина, промена на економските прогнози ќе има едвај откако се прифати Финалниот буџет во декември.

Владиниот долг ќе порасне до 197,7% од БДП во 2016 година, вклучувајќи ги новите заеми.

Документот предвидува примарен буџетски дефицит од 0,24% - пред сервисирање на долгот, оваа година и вишок од 0,5% следната. Грција мора да постигнува примарен буџетски суфицит од 3,5% од БДП годишно по 2018 година според договорот од август.

Атина сака првиот извештај за спасувачкиот заем да биде изготвен побрзо и да ги рекапитализира банките колку што е можно побрзо, надевајќи се да ги привлече назад инвеститорите, стана јасно од зборовите на Ципрас пред пратениците.

Дипломати и грчки официјални лица велат дека Ципрас и неговата партија СИРИЗА одлучија да престанат да се борат со доверителите засега и да се усогласат со спасувачкиот заем во името на рано отпишување на долгот и враќање на економската независност.

Претходно, министерот за финансии Евклидис Цакалотос се сретна со своите колеги од еврозоната во Луксембург, за да разговара за 43 реформи кои Атина треба да ги приложи до средината на ноември, за да успее да се ослободи следната транша од заемот и рекапитализацијата на банките, сериозно ослабени поради масовното повлекување на депозитите и капиталната контрола наметната на крајот на јуни.

Претседателот на Еврогрупата Јерон Диселблум изјави по средбата дека верува дека Атина е сериозна во однос на примената на договорените промени. Таа сепак треба да добие одобрение од целиот пакет пред министрите да можат да продолжат понатаму со рекапитализација на четирите најголеми грчки банки.

Политичката изјава на Ципрас беше во голема мера лишена од претераната самоувереност, која тој ја покажа во јануари, кога тврдеше дека ќе ги отфрли сериозните штедење и зависноста од спасувачка помош.

Веќе прагматичниот реизбран лидер кој ги урна левите бунтовници по гласови минатиот месец, има 155 пратеници во 300-члениот парламент и е убеден во резултатот од гласањето на доверба во средата.

Некои левичарски настроени во неговата партија СИРИЗА сепак сеуште се воздржуваат да прифатат либерални реформи на трудовото право, намалување на социјалните и пензиските надоместоци и пошироката приватизација на државни средства.

Имајќи го ова предвид, Ципрас вети дека ќе најде начини да се ублажат социјалните страдања, до кои спасоносниот заем ќе доведе за најсиромашните Грци и да преговара за подобри услови или да најде алтернативни мерки за некои од непопуларните политики, побарани од кредиторите.

Овие области ги вклучуваат пензиските реформи, либерализацијата на енергетскиот пазар, реконструкцијата на колективното договарање и данок од 23% на приватното образование, кој во оваа фаза ќе биде одложен, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација