Црна Гора очекува милјарда од туризам
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2016
Црна Гора годинава очекува милјарда евра приходи од туризам.
Лани земјата остварила 800.000 евра приходи од туризам. Причина за оптимизмот се добрите приходи од првиот квартал, но и направените резервации и аранжани за летово.
Во првиот квартал имало посети од гости од Франција, Германија, Велика Британија и регионот.
Ланската година била успешна на полето на туризмот и во однос на 1987 година, кога земјата имала голем број туристи.
Црна Гора се надева дека ова лето ќе имаат и многу туристи од Србија, а за таа цел ќе се претстават на саем во Белград.
Надлежните велат дека Црна Гора може да понуди добар одмор на планина, возење со џипови, авантуристички кампови, море, посета на национални паркови и друго.