17 Мај, 2024
0.0273

ЦРНОГОРЦИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ: Како ќе се движат цените за ноќевање летово?

Објавено во: Балкан 16 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Црногорците веќе задоволно ги тријат рацете, бидејќи велат дека има туристи како никогаш досега. Цените во хотелите се пирамидални, поефтино во мај, јуни и септември, поскапи јули и август.

Како што истакнал за „Побједа“ претседателот на секторот на туристичките агенции во Црногорското туристичко здружение и сопственик на агенцијата „Ципа травел“ Петар Ивковиќ, хотелите нудат во зависност од регионот, видот на услуга и категорија широка лепеза на понуди и цени.

Во претсезоната сместувањето на база полупансион во хотели со три ѕвезди во Улцињ, Суто море или Чањ се нудат по цена веќе од 18 евра, додека во Будва истата категорија на хотел е по цена од 25 евра.

Цените во сезоната се поскапи од 20 до 50 отсто. Исто така се пониски доколку резервирате соби онлајн преку букинг.

Најскап престој е секако, на Свети Стефан, каде за преноќување треба да издвоите од 3000 до 4500 евра во главната сезона.

Најефтин е престојот во приватно сместување во места како што се Улцињ, Суто море или Чањ.

„Во овие места цените на семстување се движат во предсезоната од пет до 10 евра по лице дневно, односно во главната сезона од 8 до 15 евра по лице. Во места како што се Будва, Петровац, Свети Стефан цените на приватно сместување се стандардно во предсезоната од 10 до 15 евра по лице дневно и во главната сезона од 15 до 25 евра по лице дневно“, рекол Ивковиќ.

Меѓутоа, како што истакнува тој, постојат голем број квалитетни објекти во приватен смештај со базени и дополнителни содржини кои во сместувачкиот дел не заостануваат зад хотелите со три и четири ѕвезди. Во таквите објекти цените се над споменатиот просек и се движат од 50 до 80 евра по лице дневно.

Како што рекол за Побједа претседателот на Црногорското туристичко здружение Жарко Радуловиќ, цените на сместување во хотелите не заостануваат во квалитетот.

„Во 98 отсто случаи квалитетот на услугите и сместувањето во нашите хотели одговараат на понудената цена“, рекол Радуловиќ.

Глобално позната и најголема интернет страница за пребарување на хотелски сместувања и истражувања на туристички дестинации „Триваго“ неодамна објави листа на држави кои имаат најдобри хотели во Европа, а во топ десет се најде и Црна Гора.

Хотелските сместувања во Црна Гора овој познат туристички портал ги оцени со оцена од 82,78 а зад Црна Гора се останатите познати европски туристички дестинации како што е Грција, која се наоѓа на 17 место со оценка од 81,96, Чешка на 18 место и оценка од 81,94 или дури Кипар на 25 место со оценка од 81,39. Црна Гора е на седмо место, а после неа се најдоа Унгарија со оцена 82,67, и Словенија на која Триваго и даде оцена од 82,6.

Листата на регионални држави ја затвора Хрватска на 12 место со оцена 82,57 .Инаку интернет страницата Триваго своите листи ги составува врз основа на оценка на туристите кои ги посетиле хотелите во тие држави и дел од оцената ја даваат и експерти во областа на туризмот. Во Црна Гора во 2020 би трбало да има 13 одсто хотели со пет ѕвезди и 38 одсто хотели со четири ѕвезди.

Тоа е предвидено со Стратегијата на одржлив развој на туризмот. Сега и во Црна Гора постојат 386 угостителски објекти кои располагаат со сместувачки капацитет од 39,820 легла.

Можеби ќе ве интересира

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години