03 Јули, 2024
0.0254

Црвен крај на неделата за европските берзи

Објавено во: Свет 21 Август, 2015

Добивај вести на Viber

На европските берзи се тргуваше со сериозни падови во петокот по променливата сесија поради лошите очекувања на економските податоци од Кина и остриот пад на цените на нафтата.

Паневропскиот индекс „Stoxx 600“ ја заврши сесијата со сериозен пад од 3,26%.

Главниот индекс на Лондон „FTSE 100“ изгуби 2,83%, режија кон најлошата неделна загуба од 2015 година. Германскиот репер „DAX“ се намали за 3%, а францускиот „CAC“ потона за 3,2%.

Акциите на американските берзи се тргува со намалувања во петокот, зголемувајќи ги последните загуби поради стравувањата дека забавувањето на растот на светската економија ќе продолжи да врши притисок врз расположението на инвеститорите.

Нафтата сериозно си поигра со нервите на инвеститорите во петокот. Најлесната сурова нафта се тргуваше до речиси 40 долари за барел во попладневната трговија поради новите стравувања за иднината на најголемиот потрошувач во светот - Кина. Цените на нафтата во САД веќе се осмa недела во пад, најдолгата губитничка серија од 1986 година. Цената на суровата нафта „брент“ достигна до 45,40 долари за барел, а лесната нафта се намали за 2,5% до 40,20 долари за барел.

Грција, исто така, влијае на пазарите. Во четвртокот вечерта премиерот Алексис Ципрас поднесе оставка и закажа предвремени избори во септември, во обид да ги зајакне своите позиции, откако ги прифати условите на кредиторите во замена за 86 милијарди евра финансиска помош. Грчката берза реагира негативно и се намали за 2,5%.

Пазарите ја набљудуваат шпанската банка „Banco Sabadell“, која во петокот изјави дека е завршена со стекнувањето на 100% од „TSB Bank“. Британската банка претходно беше дел од „Lloyds Banking Group“, која беше спасена од владата на Велика Британија за време на финансиската криза од 2008 година. Акциите на банката поевтинија за 3%.

Исто така во петокот британската компанија „GlaxoSmithKline“ објави дека ги продала преостанатите права од лекот „Ofatumumab“ за 1 милијарда долари на швајцарскиот фармацевтски гигант „Novartis“. Акциите на „GSK“ се намалија за 3%, а оние на „Novartis“ за 3,6%.

Компаниите во автомобилскиот и луксузниот сектор исто така беа меѓу губитниците. Акциите на француската „Peugeot Citroen“ и германската „Daimler“ се урнаа.

Меѓу најпрофитабилните сепак беа многу рударски компании, откако златото поскапе во утринската сесија. Покрај првичните добивки на компаниите, како „Randgold Resources“ и „Anglo American“, сепак завршија со пад од 0,3%.

Можеби ќе ве интересира

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар