19 Декември, 2025
0.0471

Црвен сигнал: Кој и зошто плати 241.000 евра за акции во „загубарот“ „Макпетрол“?

Објавено во: Економија 04 Март, 2016 08:30

Добивај вести на Viber

Што најавува оваа трансакција со која беше реализиран дури 18 отсто од годишниот промет со таа акција? Дали е ова сопствен откуп, ако е така од каде пари за тоа? Дали Андреја Јосифовски купува мир или некој веќе му дише во врат? Деновиве ќе донесат одговор макар на едно од овие прашања... Инвеститор плати 14,86 милиони денари (околу 241.000 евра) и купи 867 акции со право на глас во најголемата македонска компанија за малопродажба со нафтени деривати. Акциите се платени по цена од 17.000 денари и целата горенаведена количина е истргувана во само една транскација. Токму со таа трансакција беше поставен нов рекорд во класично тргување затоа што со само една трансакција беше постигнат дури 18 отсто од прометот за една календарска година!!! Засега не се знае кој е новиот купувач на акции во „Макпетрол“, но многу е чувствително прашањето што си го поставуваат инвеститорите, а тоа е: кој вложува 241.000 евра во компанија за која е речиси извесно дека ќе прикаже загуба во работењето? Зошто да вложува пари кои нема да се вратат ниту преку дивиденда ниту пак преку капитална добивка која би можела да се реализира преку раст на пазарната цена, но само доколку компанијата има позитивни резултати и нејзината акција е посакувана кај инвеститорите. Засега тоа не е случај. Особено заради тоа што компанијата книжи загуба во работењето и тоа во последните три финансиски години 2012,2013 и 2014 година, а речиси без исклучок сите инвеститори очекуваат дека во 2015 година финансискиот резултат на „Макпетрол“ ќе биде негативен. Овој настан мора да се гледа и од призмата на неодамнешното случувања кога Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор во два наврати плати 45.000 евра и купи 150 акции во „Макпетрол“. Многумина се изненадија особено затоа што се знае дека преку неговото влијаие преку ОИЛКО го контролира и „Макпетрол“ каде ОИЛКО поседува околу 23 отсто од сите акции. Многумина упатени се согласуваат дека клучниот недостаток на најголемиот дистрибутер на нафтени деривати е превработеноста и тоа што компанијата генерира многу расходи. Според голем дел од инвеститорите оваа компанија не може да го реши проблемот на расходната страна само заради „социјалната димензија“ односно третманот што менаџментот го има кон превработеноста заради тоа што голем број од нив се акционери и не сака да ги има против себе на гласањата на акционерските собранија. И досега сме пишувале дека во компанијата има револт од страна на вработените особено кај повозрасните пумпаши кои работат на бензинските пумпи и кои велат дека виделе и многу подобри времиња во оваа компанија. Но никој од менаџментот не се решава на преструктуирање преку рационализација на бројот на вработени. Официјално големите проблеми на „Макпетрол“ според неговиот менаџмент лежат во несоодветната регулаторна политика на надлежниот државен орган Регулаторната комисија за енергетика. Но „Макпетрол“ досега не превзел мерки да се справува со тоа преку покренување судски процедури против регулаторот иако го обвинува дека не му дозволува ниту минимум бизнис услови во некои сегменти и дека не му признава некои трошоци иако реално постојат и се оправдани. Повеќе детали можат да се видат во образложенијата на менаџментот во извештајот за годишното работење на компанијата. Наспроти ова голема предност на „Макпетрол“ што засега не се користи доволно е тоа што компанијата е најголемиот генератор на приходи во земјава заради природата на стоките што ги продава и заради разгранетата дистрибутивна мрежа. Доколку се изменат околностите тоа што „Макпетрол“ генерира најголеми количества кеш многукратно може да ја подобри неговата преговарачка позиција пред македонските банки. Но засега тоа не доаѓа до израз. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба