Тунтев подели милион евра плати во АЦВ
Објавено во: Економија 31 Август, 2020 07:03
Томислав Тунтев лани во својата прва година како директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство поделил милион евра, односно 60,8 милиони денари за нето-плати на 68 вработени, пишува во отчетот за 2019 година што ова регулаторно тело го достави на одобрување во македонското Собрание.
Просечна плата на вработените кај поранешниот пратеник е 75.000 денари, без придонеси, персонален данок и други давачки, односно го задржува трендот секоја година да расте за околу две и пол илјади денари повеќе во агенцијата која се самофинансира од дозволи и надоместоци од воздухопловните оператори.
Томислав Тунтев ја напушти пратеничката функција на почетокот од минатата година за да директорува со Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба. До пред три години платата таму беше во просек 65.553 а бројот на вработени варира од 67 до 69. Бруто-платата со сите надоместоци сега е преку 100.000 денари.
Според надлежностите иако оваа aгенција е финансиски и функционално независна од другите државни органи, за својата работа сепак одговaра пред Собранието. Од наплата годишно собира од три до четири милиони евра.
Години наназад АЦВ имаше пад на приходите во низа, а пред десетина години имаше проблеми и како должник на УЈП. Регулаторот во последните неколку години работи со добивка, а минатата приходите во однос на расходите биле за 19 милиони денари поголеми.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




