23 Април, 2024
0.0254

Турчинот што ја освои Америка

Објавено во: Стил 11 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Главниот извршен директор на Кока-Кола Мухтар Кент во 2012 година заработи 21,6 милиони долари.Се работи за плати, разни бонуси и повластици. Чистата месечна плата на првиот човек на оваа позната компанија изнесува 1,6 милиони долари.

Шеесетгодишниот Мухтар Кент, Американец со турско потекло, во Кока-Кола работи од 1978 година.Откако завршил деловно училиште во Лондон, во оваа светска компанија почнал да работи како возач.

На првата висока функција бил именуван во 1985 година, кога станал генерален менаџер на Кока-Кола за Турција и Централна Азија. По три години бил именуван за заменик претседател на Кока-Кола интернешенал.

По 20 години Кент во 1999 година ја напуштил Кока-Кола и се вратил во Турција. Во земјата каде бил роден татко му, се вработил во компанија која има франшиза за популарниот газиран пијалок во Турција.

Враќање во Кока-Кола

Во јули 2005 година се вратил во Кока-Кола и тогаш бил именуван за заменик генерален директор (ЦЕО) за Северна Азија, Евроазија и Блискиот исток. Во 2006 година станал претседател на интернационални операции, т.е. прв човек на компанијата за сите дејности надвор од Северна Америка.

На чело на компанијата дошол во 2008 година и изнел план според кој до 2020 има намера двојно да го зголеми нејзиниот профит. Дали тоа ќе му успее, ќе покаже времето. Наспроти големата светска економска криза, засега компанијата ја води успешно.

Кока-Кола лани го зголеми профитот на 9,02 милијарди долари, што во однос на претходната година е повеќе за 5 отсто. На глобално ниво продажбата пораснала за 4 отсто, пренесува Атланта Џорнал. Причини за задоволство има и самиот Мухтар Кент. Во 2012 година заработил 21,6 милиони долари, што е нешто повеќе од 2011 година, кога заработил 21,2 милиони долари

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган