20 Декември, 2025
0.0430

Турција ќе ги ревидира прогнозите за економскиот раст за идната година?

Објавено во: Балкан 07 Септември, 2013 18:32

Добивај вести на Viber

Поради очекуваното ограничување на програмата за стимулирање на растот на американската економија, тензиите на Блискиот Исток и ризикот од поскапување на нафтата, Турција би можела да ги ревидира прогнозите за својот економски раст за идната година, од сегашните пет, на четири проценти, објави турскиот весник на англиски јазик „Хуриет Дејли Њуз“. Турската економија, лани, забележа раст од 2,2 проценти, што беше многу под нивото на раст во претходните години. За 2013 година турската Влада предвидуваше раст на бруто домашниот производ од четири отсто, а за до година од дури пет проценти. Сепак, прогнозите за оваа година се веќе ревидинарани и според најновите предвидувања, се очекува економскиот раст да не биде поголем од три пртоценти. Економски експерти за весникот оценуваат дека ограничувањето на програмата на американската Управа на федералните резерви за стимулирање на економијата на САД, намалувањето на приливите на средства во Турција, кризата во Сирија и ризикот од нејзино проширување во регионот на Блискиот Исток, случувањата во Египет, растот на цената на нафтата и глобалните економски проблеми, претставуваат ризик за растот на турксиот БДП.  

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација