19 Декември, 2025
0.0670

ТУРЦИТЕ ПОВТОРНО ЈА „ОСВОИЈА“ МАКЕДОНИЈА - убедливо најмногу туристи ни доаѓаат од оваа источна земја, покрај соседите

Објавено во: Економија 15 Април, 2024 07:26

Добивај вести на Viber

Посетителите од Турција продолжуваат да ја освојуваат Македонија. И последните податоци од статистичарите покажуваат дека најмногу гости дошле токму од Турција, а овој тренд е присутен во нашата земја подолг период. Покрај гостите од Турција, најголем број туристи во месец февруари имало од Србија, па останатите соседи како Бугарија, Грција, Албанија, а меѓу нив се и гостите од Германија.

Во февруари имало 5.104 посетители од Труција, кои се убедливо најбројни. По нив следуваат соседите од Србија, од каде не посетиле 3.448 туристи. По нив следуваат гостите од Грција од каде дошле 2.679, па следуваат останатите земји со околу 1.500 посетители во месецот.

Бројките покажуваат дека и претходните месеци, јануари и декември исто така најборјни и со сличен број биле споменатите гости од соседните земји, при што повторно најбројни биле гостите од Турција. Исклучок бил месец декември, кога имало и поголем број гости, па така од Турција имало над 6 илјади посетители, додека од Србија над 4 илјади гости, додека од Грција скоро пет илјади туристи.


Бројките покажуваат дека одредени месеци, како што е ноември 2023 година покрај веќе споменатите гости, кои исто така се меѓу побројните и во ноември, тој месец имало зголемено посети и од гости од Велика Британија, Косово, Хрватска, Италија, САД и од други азиски земји.

Слични тенденции се забележани и во октомври и во септември, со тоа што и понатаму Турците се најбројни гости. А во месец септември забележлива е отстапката кај гостите од Полска, кои исто така влегуваат меѓу најбројните гости што секако се должи на мерките кои беа преземени за поврат на гостите од таму.

Податоците за летните месеци, август, јули и јуни откриваат дека имаме многу повеќе туристи и тоа од различни земји, но повторно најбројни се Турците, па следуваат гостите од соседна Србија, а по нив се Холандија, Полска и Романија, а голем број туристи има и од многу други земји како Германија, Австрија, Велика Британија, Шпанија, САД... како и гости од соседството.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите