18 Декември, 2025
0.0780

Туристички агенции добивале државна помош без решение, туристичките водичи „на отстрел“ од државата

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2022 07:40

Добивај вести на Viber

Туристички агенции добивале државна помош од буџетот за справување со економските последици од пандемијата без изготвени решенија од Генералниот секретаријат на Владата, утврди државниот ревизор во извештајот за негативните ефектите од Ковид-19 во туризмот како сектор.

Државниот завод за ревизија, во објавениот извештај во мај, утврдил дека во рамките на шестиот пакет мерки, туристичките агенции добивале неповратни грантови од 2.000 до 5.000 евра во зависност од лиценцата и остварените приходи.

Од 261 поднесено барање, одобрени биле 258 на крајот од минатата година. вкупниот буџет бил 86,1 милиони денари, но реализирани биле само 52,3 милиони. Исплатата се вршела без поединечни решенија од страна на Владата врз основа на што би се барале средствата назад доколку не бидат задоволени бараните услови.

„Со извршениот увид во документацијата утврдивме неправилност на начинот на евалуација на пристигнатите барања од страна на Комисијата. Имено, при пресметка на износот на средства за финансиска поддршка за правни субјекти кои освен шифра на дејност - туристичка агенција, имаат и друга шифра на дејност, податоците за приходите во структурата на приходи по завршна сметка се земени во вкупен износ, а не поединечни износи на приходи остварени по шифра на дејност - туристичка агенција, со што им е овозможено на овие правни субјекти да остварат повисок износ на поддршка“, се вели во ревизијата.

Ревизијата од проверката заклучила дека им биле исплаќани средства на туристички агенции како да поседуваат лиценца А иако го немале потребниот број на вработени. Така било и при првата државна помош од четвртиот пакет на економски мерки, кога од 116 милиони денари за грантови, биле исплатени само 80 милиони денари за туристичките агенции.

Ревизорот заклучува дека и другите мерки за помош на секторот туризам во пандемиските години се реализирале половично, а некои воопшто и не се оствариле. Така, предвидената помош од 64,6 милиони денари за хотели надвор од туристичките центри вооопшто не се реализирала и тие биле доведени во нерамноправна положба. Не се реализирала ниту мерката од најавените 50.000 бесплати ПЦР тестови за странски туристи.

На туристичките водичи првиот пат во рамки на вториот пакет им биле поделени 5 милиони денари на вкупно 78 од нив, но при шестиот пакет на економски мерки, голем дел од нив биле одбиени и не добиле финансиска помош, затоа што „остварувале други приходи“.

- Иако овие приходи не го надминуваат износот утврден во јавниот повик, ниту пак со повикот е предвиден услов за ограничување, овие лица се одбиени и немаат добиено финансиска поддршка, напишал ревизорот. Тие немале ниту право да се жалат, затоа што не добиле никакво решение.

За туристичките ваучери од кампањата „Дома си е дома“ биле исплатени 386 милиони денари, од предвидените 704 милиони за лица со ниски приходи. Од повратот на туристичката такса, од 120 милиони денари, вратени биле само 57,8 милиони. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината