ТУРИСТИТЕ ШОКИРАНИ И БЕСНИ: Грците почнаа да наплаќаат и пешкири за на плажа
Објавено во: Балкан 09 Јули, 2024 07:40
Во групата на „Фејсбук“ „Во живо од Грција“ се појави објава на турист која ги шокираше читателите. Познат хотел во Грција нуди необична услуга за изнајмување крпи за плажа. Тоа „задоволство“ чини едно семејство 150 евра за десет дена, тврди разочараниот турист. - Би сакал да го слушнам мислењето на другите и какво е правилото во другите хотели во Грција, хотелот за нашето семејство 10 дена ги наплаќа услугите за користење крпи за плажа во износ од 150 евра и навистина ова е прв пат да гледаме дека хотел наплаќа нешто слично - според изданието. - Порано во тој хотел се оставало депозит од 10 евра по пешкир, а последниот ден кога ќе го вратиш пешкирот ти ги враќаат парите. Но, тие го изгубија умот, земаат пари каде што можат - наведе во коментарот корисникот на оваа социјална мрежа, кој веќе престојувал во споменатиот хотел.

Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




