07 Октомври, 2024
0.0266

Туризмот во Македонија ќе се подобрува со 21,2 милиони евра од ЕУ

Објавено во: Македонија 16 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Конкурентноста на туризмот во Македонија ќе се подобрува со грант од Европската унија преку ИПА 2 Програмата во износ од 18 милиони евра и учество на Владата од 3,2 милиони евра.

Вториот јавен повик за доделување на грантовите  е веќе објавен, а на него можат да конкурираат општините за инфраструктурни инвестиции, организациите од туристичкиот сектор, образовните установи и центрите за обука, како и локални мали и микро претпријатија од областа на туризмот.

На прес конференција, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев  посочи дека средствата што ќе се доделуваат преку Проектот за локална и регионална конкурентност за општините ќе бидат во висина од еден милион евра доколку настапуваат сами или три милиони евра ако настапуваат регионално. Од нив, 90 отсто ќе бидат грант, а 10 отсто сопствено учество.

За организациите од туристичкиот сектор, образовните установи и центрите за обука грантот изнесува 50 илјади евра за еден барател или до 150 илјади евра за два и повеќе баратели, од кои 90 отсто ќе бидат грант, а 10 проценти сопствено учество.

За локалните микро и мали претпријатија грантовите ќе бидат во износ до 100 илјади евра за еден барател или до 300 илјади евра за повеќе баратели, но кај нив 50 отсто ќе биде грант, а 50 отсто сопствено учество.

Огласот за аплицирање е отворен денеска, а изјавување на интерес заинтересираните треба да пројават најдоцна до 30 април годинава. Квалификуваните баратели ќе започнат со подготовка на целосни предлози до 28 мај годинава, а поднесување за целосни предлози за инфраструктурни инвестиции ќе биде до 6 август, за организации од туристичкиот сектор, образовните установи и центрите за обука до 16 јули, а за локални микро и мали претпријатија до 23 јули годинава.

Приоритет ќе имаат општините кои веќе имаат готови проекти, а за оние кои немаат подготвено проектна документација предвидена е техничка помош за да ги подготват проектите.

Во насока на обука на заинтересираните за учество на јавниот повик денеска во Владата се одржува трибина на која ќе им бидат претставени деталите на градоначалниците и претставниците на туристичките компании од земјава.


Можеби ќе ве интересира

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер