ТУРСКИ ГРАД БЕЗ ЖРТВИ И РАЗУРАНАТИ ЗГРАДИ - иако се во близина на епицентарот, жителите спасени благодарение на еден човек
Објавено во: Свет 15 Февруари, 2023 12:41
Среде турската провинција Хатај, која земјотресот ја претвори во безлични купишта урнатини под кои загинаа десетици илјади луѓе, стои градот Ерзин.
Неговото име стана познато, окако се проширија вестите дека Ерзин, кој има 42 илјади жители во оваа катаклизма немаше ниту една жртва и ниту една урната зграда.
Во ниту еден од серијата турски земјотреси со застрашувачка сила, од кои два беа катастрофални од 7,8 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, ниту една станбена зграда не се урна во Ерзин: оштетени се само неколку семејни куќи и неколку минариња џамии.
Никој не е убиен, никој не е тешко повреден, објавија бројни медиуми како турскиот Хуриет.
Hatay’da can kaybı olmayan tek ilçe olan Erzin’de Belediye Başkanı Ökkeş Elmasoğlu: “Tek bir kaçak yapıya izin vermedim. Bana herkes kızdı, memlekette tek doğru adam sen misin dediler! Şuan da vicdanım rahat.” pic.twitter.com/g1vqAdA31x
— Whisper (@whisperhaber) February 11, 2023
Сепак, градоначалникот на Ерзин, Оккеш Елмасоглу е долгогодишен и исклучително успешен непријател на секоја дивоградба.
Земјотреси со јачина од 7,8 и 7,6 степени според Рихтеровата скала предизвикаа катастрофални разурнувања во дури 10 турски провинции. Во градот Хатај, на околу сто километри од Ерзин, земјотресите целосно уништија илјадници згради и ги претворија во куп урнатини, а тешко е оштетен и стариот град Османије, оддалечен само 20 километри, каде што илјадници луѓе загина под урнатините.
Во квартот на градоначалникот Елмасоглу, Ерзин, не се регистрирани човечки жртви или уште повеќе смртоносни повреди од урнатините.
По толку среќен биланс, тој најпрвин го изрази своето жалење за смртните случаи, раните и загубите во другите турски окрузи, а потоа трпеливо објасни дека него и неговите сограѓани од злото ги спасил не само среќата и милиот Бог, туку и многу памет и почитување на законот.
Потенцирајќи дека од почетокот на неговата јавна функција на ниту еден начин не дозволува дивоградба, Оккеш Елмасоглу за турските медиуми изјави дека многу негови сограѓани претходно биле изненадени, исмејувани, па дури и му се заканувале.
„Кога ми се лутеа како градоначалник, често ми велеа: Нема ли друг пристоен човек освен тебе во оваа земја? Зошто си единствениот кој упорно се придржува до правилата?'.
Не поминаа ни три месеци откако бев избран на функцијата, а роднина дојде кај мене со молба да му помогнам бидејќи е казнет за дивоградба. Кога му кажав дека не можам да му помогнам, ме праша и дали сум единствениот чесен човек во цела Турција?“, се сеќава градоначалникот на Ерзин.
Фото: Принтскрин/ТвитерМожеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




