Турски „Пегасус“ нарача 75 патнички авиони Ербас А320
Објавено во: Балкан 18 Декември, 2012
Турскиот авиопревозник „Пегасус“ нарача 75 патнички авиони Ербас А320 со можност дополнително да купи уште 25 авиони од овој модел.
Тоа е најголемата нарачка на една турска авиокомпанија некогаш направена и прв договор што Пегасус го постигнал со Ербас.
Првиот човек на Пегасус Али Шабанчи објави дека компанијата нарачала 75 авиони А320 со можност да купи уште 25 авиони од оваа серија.
Вкупната вредност на договорот, по фабрички цени, се проценува на 9,1 милијарда вера, но при големи нарачки купувачот добива значителен попуст.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.