Добивај вести на Viber
"Газпром" и Турција го усогласија копнениот дел на "Турски поток" за понатамошни студии и проектирање, откри генералниот директор на руската компанија Алексеј Милер по посетата на Турција, каде што се сретна со министерот за енергетикаа, Танер Јилдиз.
Според зборовите на Милер копнениот дел веќе е ставен на картата, а должината ќе биде 180 километри, а точка на излез на копни ќе е во реонот на Кајакој. Точката за пренос на гасот за турските корисници е Лјолебургаз додека таа за излез на гасоводот од турско-грчката граница - месноста Епсила.
Се очекува наскоро да биде издадена дозвола за проектни и истражувачки работи на новиот турски морски дел од гасоводот.
"Газпром" е подготвен да ја снабдува Европа преку гасоводот "Турски поток" со 47 милијарди кубни метри гас годишно. Освен тоа планира да ја заврши изградбата на првата линија на гасоводот до декември наредната година, прецизира Милер.
При дизајнирање ќе бидат земени предвид растечките потреби од природен гас во реонот на Истанбул, а во врска со тоа е прецизиран обемот на гас, кој ќе биде доставен до границата помеѓу Турција и Грција - 47 милијарди кубни метри годишно. Моќноста на морскиот дел од гасоводот од Русија до Турција ќе биде 63 милијарди кубни метри годишно. Од "Гаспром" тврдат дека прелиминарниот рок за завршување на првата линија е декември 2016 година.
Во почетокот на декември минатата година "Гаспром" и турската компанија "Боташ" потпишаа меморандум за разбирање за изградба на морскиот гасовод од Русија до Турција, кој поминува низ Црното Море. Тој е со моќност 63 милијарди кубни метри годишно. Од нив 50 милијарди ќе бидат доставени на новиот гасен центар на турско-грчката граница.
"Турски поток" ќе биде алтернатива на "Јужен поток". Во декември 2014 година, Русија одлучи да го прекине вториот проект. Трасата на првиот по дното на Црното Море во голема мера ќе се совпаѓа со кохерентната поранешна траса на "Јужен поток".
К.К.