19 Декември, 2025
0.0355

Турски поток го доби своето место

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2015 09:18

Добивај вести на Viber

"Газпром" и Турција го усогласија копнениот дел на "Турски поток" за понатамошни студии и проектирање, откри генералниот директор на руската компанија Алексеј Милер по посетата на Турција, каде што се сретна со министерот за енергетикаа, Танер Јилдиз. Според зборовите на Милер копнениот дел веќе е ставен на картата, а должината ќе биде 180 километри, а точка на излез на копни ќе е во реонот на Кајакој. Точката за пренос на гасот за турските корисници е Лјолебургаз додека таа за излез на гасоводот од турско-грчката граница - месноста Епсила. Се очекува наскоро да биде издадена дозвола за проектни и истражувачки работи на новиот турски морски дел од гасоводот. "Газпром" е подготвен да ја снабдува Европа преку гасоводот "Турски поток" со 47 милијарди кубни метри гас годишно. Освен тоа планира да ја заврши изградбата на првата линија на гасоводот до декември наредната година, прецизира Милер. При дизајнирање ќе бидат земени предвид растечките потреби од природен гас во реонот на Истанбул, а во врска со тоа е прецизиран обемот на гас, кој ќе биде доставен до границата помеѓу Турција и Грција - 47 милијарди кубни метри годишно. Моќноста на морскиот дел од гасоводот од Русија до Турција ќе биде 63 милијарди кубни метри годишно. Од "Гаспром" тврдат дека прелиминарниот рок за завршување на првата линија е декември 2016 година. Во почетокот на декември минатата година "Гаспром" и турската компанија "Боташ" потпишаа меморандум за разбирање за изградба на морскиот гасовод од Русија до Турција, кој поминува низ Црното Море. Тој е со моќност 63 милијарди кубни метри годишно. Од нив 50 милијарди ќе бидат доставени на новиот гасен центар на турско-грчката граница. "Турски поток" ќе биде алтернатива на "Јужен поток". Во декември 2014 година, Русија одлучи да го прекине вториот проект. Трасата на првиот по дното на Црното Море во голема мера ќе се совпаѓа со кохерентната поранешна траса на "Јужен поток". К.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии