Турција е блиску до идентификација на едниот бомбаш-самоубиец од Анкара
Објавено во: Балкан 12 Октомври, 2015 13:29
Турција е блиску до идентификацијата на едниот од двајцата бомбаши-самоубијци, осомничени за нападот во Анкара, во кој загинаа најмалку 97 лица, изјавил премиерот Ахмет Давутоглу во интервју за турската телевизија „NTV“. Тој прецизирал дека групата „Исламска држава“ останува главен осомничен.
Давутоглу додал дека саботните напади се обид да се влијае на исходот на предвремените парламентарни избори на 1 ноември и дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки, ако се покаже дека има пропусти во безбедноста што придонеле за нападите.
„Тоа категорично е самоубиствен напад. Во моментов се спроведуваат ДНК тестови. Утврдено е како атентаторите дошле дотаму. Блиску сме да посочиме име поврзано со одредена група“, додал премиерот.
За „Ројтерс“ двајца високи извори изјавиле во неделата дека првичните информации за случајот водат кон „Исламска држава“. Нападите во саботата се слични со самоубиствените бомбашки напади во Суруч во јули во близина на сириската граница, за кои беше обвинета истата група.
Двете експлозии избувнале на растојание од неколку секунди во саботата, додека стотици луѓе се собираа за мирна поворка, организирана од прокурдските активисти во знак на протест против конфликтот помеѓу турските безбедносни сили и борците на Курдската работничка партија (ПКК).
Според прокурдската Народна партија (НДП) загинатите во нападот се 128 лица, додека властите наведуваат 97 жртви.
Турскиот министер за внатрешни работи Селам Алтуок изјавил дека турските власти преземаат вонредни мерки за безбедност по двојниот самоубиствен напад. Алтуок додал дека ќе размисли дали да ќе поднесе оставка откако ситуацијата во земјата ќе се смири.
Неговите зборови доаѓаат како одговор на повиците на опозициската Републиканска народна партија да се повлече за да понесе некој политичката одговорност за нападите.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




