03 Јули, 2024
0.0300

Турција и испратила на Москва проект за договор за “Турски поток”

Објавено во: Свет 19 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Турција им испратила на руските власти нацрт договор за изградба на "Турски поток", соопшти пред новинарите во Анкара министерот за енергија Танер Јилдиз, цитиран од Ројтерс. Според неговите зборови, во моментов се очекува одговорот на Москва на турскиот предлог. Руската новинска агенција ТАСС потсетува дека Русија испратила две варијанти за реализацијата на проектот - со една цевка и со полн капацитет од четири цевки. Досега турската страна не откри економска оправданост за реализација на "Турски поток". Анкара одбиваше да го потпише договорот, предложен од "Гаспром", и тоа ја принуди гасната компанија да ги прекине договорите со некои од изведувачите на проектот. Гасниот гигант размислува и замрзнување на инвестициите за испорака на суровина од гасните полиња во јужна насока, т.е. до терминалите предвидени за "Јужен поток", а потоа влегле во плановите за изградба на "Турски поток". Подоцна, меѓутоа, стана јасно дека Русија се уште не го добила од Турција проектот на договор за гасоводот "Турски поток". Тоа го соопштил пред ТАСС извор, кој е близок до преговарачкиот процес. Турското Министерство за енергија забележа пад на испораките на руски гас во износ од 8% во "последните 5-6 месеци", соопшти уште Јилдиз. Слабата турска лира додаде уште 11 милијарди фунти (3,82 милијарди долари) на сметките за природен гас од почетокот на годината, додаде тој. Во моментов Турција се соочува со нови избори, откако Партијата на правдата и развојот не можеше да најде коалициски партнер, со кого ќе управува. Ова го натера Ахмет Давутоглу да го врати мандатот за составување на нова влада на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Можеби ќе ве интересира

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар