Турција и предлага на Русија да ги координира активностите на борбената авијација во Сирија
Објавено во: Балкан 07 Октомври, 2015 10:49
Турција и предложи на Русија да и помага за координацијата на активностите на воените воздухопловни сили во Сирија, соопштува интернет изданието „EuroNews“, повикувајќи се на соопштение на Русија.
Предлогот доаѓа поради зголемените тензии помеѓу Анкара и Москва поради двата случаи на упад на турскиот воздушен простор од руските воени авиони.
Вчера Русија најави дека нејзините авиони во Сирија оствариле повеќе од 20 полиња во рамките на воздушната операција. Кремљ призна исто така, дека имало случај на нарушување на воздушниот простор на Турција, но тврди дека тоа се случило по грешка.
Заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов ја поздрави идејата за соработка со Турција. „Ќе ми биде драго да разговараме со претставниците на турското Министерство за одбрана, со кои треба да разговараме за сите технички аспекти, па барем да избегнеме недоразбирање, додека нашите воени авиони ги извршуваат своите задачи во Сирија“, коментирал тој.
Во меѓувреме „АП“ соопшти дека Русија се согласила да одржи уште еден круг преговори со САД за координирање на операциите во Сирија со цел избегнување на инциденти помеѓу руските авиони и машините предводени од Вашингтон и меѓународна коалиција, која остварува воздушни напади веќе една година.
Тонот и на двете страни останува скептичен. Вашингтон ја обвинува Москва дека спроведува напади против опозицијата на сирискиот претседател Башар Асад, која пак е поддржана од САД поради нивната борба против радикалната група „Исламска држава“.
Новинската агенција потсетува дека претставници на Пентагон се состанале со претставниците на руската армија минатата недела, кога беше прогласена воздушната операција на Русија во Сирија. Разговорите за координација со цел избегнување на инциденти сепак не стигнаа многу далеку, а според САД до вчера Русија ги игнорирала барањата за нова средба.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




