20 Декември, 2025
0.0359

Турција ќе го добие бараното зголемување на испораките на гас преку „Турски поток“

Објавено во: Балкан 09 Октомври, 2015 11:53

Добивај вести на Viber

Турција ќе добие зголемување на испораките на гас преку „Турски поток“, соопштил за новинарите шефот на „Газпром“ Алексеј Милер, пишува руската новинска агенција „ТАСС“.

Анкара побарала зголемување на испораките во „Син поток“ за 3 милијарди кубни метри годишно.

„Во оваа фаза нема конечна одлука, но најмалку два од трите милијарди кубни метри гас ќе бидат испорачани во гасоводот „Турски поток“, изјавил Милер.

Во моментов Турција добива гас од два извора - од бугарската мрежа на природен гас и „Син поток“, кој поминува под Црното Море, чиј целосен капацитет е 16 милијарди кубни метри. Досега, сепак овој волумен не беше исполнет поради ниската потрошувачка во земјата.

Предвидено е една од цевките на „Турски поток“ да биде насочена целосно за потребите на турскиот пазар. Нејзиниот капацитет е малку над 15 милијарди кубни метри природен гас.

Пред неколку дена беше јасно дека „Газпром“ ја разгледува и опцијата гасоводот, кој ќе го замени замрзнатиот „Јужен поток“, за да биде само со две цевки, а не со четири, какви што беа првичните планови - едната за турските корисници, а другата - за задоволување на потребите од гас во регионот.

Истовремено се интензивира и работата за продолжувањето на „Северен поток“ - на крајот на септември беше потпишан договор со европските партнери на „Гаспром“ за проектот. Гасоводот треба да ги исполнува сите барања на европското законодавство, коментираат од Европската комисија и негираат за повеќе наклонетиот однос на институциите спрема „Јужен поток“.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација