Турција- пример за регионот
Објавено во: Свет 01 Април, 2013 12:01
Турција ќе прерасне во модел за регионот, доколку успее да го реши курдското прашање, изјави турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек, објави весникот „Хуриет“.
Шимшек во своето обраќање на економскиот форум во северозападниот град Бурса за време на викендот, истакна дека со постигнувањето на мир економијата на земјата дополнително ќе се развие. Според него Турција ќе биде сосема различна земја, ако процесот за мир биде успешен и се постигне траен мир.
Турскиот министер нагласува дека со решавање на курдското прашање, парите кои се трошат за борба против тероризмот, ќе се користат за образование и здравство, инфраструктура и создавање нови работни места во Истична и Југоисточна Турција, областите кои најмногу се погодени од тероризмот.
Ако процесот за мир постигне успех Источна и Југоисточна Турција ќе привлечат повеќе инвестиции, нагласи Шимшек.
Според него за финансирање на борбата против тероризмот во изминатите 40 години се потрошени меѓу 300 и 400 милијарди долари.
Минатиот месец лидерот на Курдската работничка партија, Абдула Оџалан повика за прекин на огнот и повлекување на курдските борци од Турција. Повикот е дел од директните преговори меѓу турските власти и ПКК за постигнување мирно решени на курдскиот конфликт.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




