Турција со злато го плаќа иранскиот гас
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2012 14:41
Увозот на иранскиот природен гас Турција почна да го плаќа со злато , пренесоа руските медиуми, цитирајќи го денешниот број на весникот „Волстрит џорнал Јуроп“.
Големото истекување на злато од турската економија, регистрирано во последно време, во вредност од милијарди долари, е заради плаќањето со овој благороден метал на иранскиот гас, подвлече весникот. „Овој факт е потврден од вицепремиерот Али Бабаџан во писмениот одговор на прашање на пратеници“, се дополнува во написот.
-Преминувањето на двете земји кон раздолжување со злато за испораките на гас е резултат од санкциите на САД, кои на земјите што користат долари во трговијата со Техеран им се закануваат со жестоки мерки.
Преминувањето кон плаќање со златни прачи на Анкара и овоможи да ја избегне „казната“ од страна на Вашингтон. Ваквата трговија, исто така, не го прекршува режимот на меѓународни санкции, воведен против Иран, забележа весникот.
За првите девет месеци од годината од Турција се изнесени рекордни 10,7 милијарди долари. Од нив за Иран се заминати 6,4 милијарди долари во злато. Во енергетскиот биланс на Турција делот на ирански гас изнесува 18 проценти.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




