26 Април, 2024
0.0281

ТУСК ДО ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ - Европската народна партија ќе помогне преговорите со ЕУ да почнат побргу

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев и владината делегација која ја предводеше, вчера, по средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, имале состанок и со претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск.

Од Владата соопштија дека премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров, во Атина одржале средба со Доналд Туск, претседател на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот совет.

Премиерот Заев ја искажал својата благодарност до претседателот Туск за поддршката која тој ја даде за Северна Македонија за време на склучувањето на Договорот од Преспа како и за охрабрувањата кои тој ги упатуваше на македонски јазик до граѓаните во тој период.

„Премиерот Заев го извести претседателот Туск дека Владата во Северна Македонија останува силно посветена на реформите во сферата на правната држава, борбата против корупцијата и криминалот, на справувањето со пандемијата, на развојот на економијата и на европските интеграции и дека ќе продолжи политичкиот дијалог со сите чинители со цел обезбедување уште подобри резултати на овие теми.

Претседателот Туск на премиерот Заев уште еднаш му потврди дека тој и Европската народна партија остануваат да бидат посветен пријател и поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија и дека ќе бидат вложени дополнителни напори за поддршка на земјата со цел што е можно поскоро отпочнување на процесот на преговорите.

Премиерот Заев потенцираше дека политичкиот дијалог секогаш носи решенија и во таа насока потврди дека во Северна Македонија постојат и услови и потреби за унапредување на соработката меѓу власта и опозицијата, пред сѐ заради тоа што граѓаните очекуваат заедништво и сплотеност на политичките партии кога се во прашање иднината на земјата и интересот на народот“, се вели во владиното соопштение. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот