19 Декември, 2025
0.1064

Тутунски комбинат од Прилеп ќе произведува повеќе тутун, но ќе продава помалку цигари?

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2013 09:01

Добивај вести на Viber

Тутунскиот комбинат од Прилеп заедно со друштвата го објави планот за работа за годинава до Македонската берза. Друштвото ДООЕЛ Тутун планира зголемени приходи од продажба за 12% повеќе од лани. Друштвото Цигари планира производство на 1,3 милиони килограми цигари, но за разлика од лани, повеќе од двојно се намалени планираните приходи од продажба Според планот за работа, компанијата која произведува тутун и е дел од прилепскиот тутунски комбинат, за годинава планира да инкасира 12,9 милиони евра приходи од продажба на тутун и 12 илјади евра од други приходи. Предвидено е да се потроши суровина во вредност од 9,7 милиони евра, а вкупно 2,3 милиони евра ќе чинат трошоците на трудот. За разлика од лани, годинава, друштвото има намалени трошоци за вработените, кои ја чинат компанијата 17 илјади евра. Сепак, и покрај намалените трошоци и зголемените приходи, друштвото нема да успее да ја надмине загубата која е планирана на 606 илајди евра. Друштвото Цигари, исто така дел од тутунскиот комбинат, годинава планира да произведе 1,3 милиони килограми цигари, од кои, 710 илјади килограми се наменети за продажба на домашниот пазар и 590 илајди килограми за странски пазар.За разлика од лани, повеќе од двојно се намалени планираните приходи од продажба и услуги, при што на домашен пазар се предвидени приходи од продажба на цигари во вредност од 8,8 милиони евра а на странски пазар се предвидени приходи од 3,1 милион евра. Останатите приходи, компанијата планира да ги прибере од продажба на лепило , реализација на трговски стоки и сл. Вкупните трошоци се планирани на 15 милиони евра, додека загубата ќе изнесува 1,8 милиони евра, за два пати поголема од лани. Комбинатот избра нов менаџерски тим, но не успеа да го усвои извештајот за работењето лани Иако седниците на собранието на акционери на прилепскиот тутунски комбинат неколку пати беа одложувани, на презакажаната седница која се одржа на 11 јуни годинава акционерите успеаја да изберат нов менаџерски тим , но не го усвоија извештајот за работењето на компанијата заедно со друштвата за минатата година. Лани Комбинатот заблежа загуба од дури 11,5 милиони евра, иако имаше поголеми приходи од продажба во споредба со 2011 година. За цела година инкасираше 20 милиони евра од продажба на цигари при што само на домашниот пазар се продадоа цигари во вредност од 17,7 милиони евра и 2,1 милион евра од продажба на странските пазари. Состојбата не е драстично сменета ниту од почетокот на годината, при што само во првиот квартал е забележана загуба од 1,1 милион евра. Анализата на приходите покажува дека од продажба на домашниот пазар во првите три месеци од годинава комбинатот оствари 4,2 милиони евра, додека од продажба на странските пазари 1,2 милиони евра. С.Н

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии