„ТУТУНСКИ КОМБИНАТ“ ПРИЛЕП ИМА НОВ ГЕНЕРАЛЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР - Зоран Пачешкоски во следниот период ќе раководи со компанијата
Објавено во: Економија 14 Јуни, 2023 10:17
Прилепскиот Тутунски комбинат ќе има нов генерален извршен директор. Станува збор за Зоран Пачешкоски од Прилеп, кој е дипломиран економист. Одборот на директори на компанијата ќе добие уште еден извршен член, а тој е Гоце Котески од Прилеп, магистер по економски науки.
За оваа ценовно чувствителна информација компанијата ги извести инвеститорите преку Македонската берза.
„Врз основа на член 97 и член 98 од Статутот на Тутунски комбинат АД Прилеп, Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп за извршни членови во Одборот на директори ги избра следните членови: Зоран Пачешкоски од Прилеп, дипломиран економист и Гоце Котески од Прилеп, магистер по економски науки.
Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп за Генерален извршен директор на Тутунски комбинат АД Прилеп го избра Зоран Пачешкоски од Прилеп“, се вели во објавата од Одборот на директори до Македонската берза.
Инаку, Зоран Пачешкоски и е познат на јавноста и по тоа што е претседател на општинската организација на СДСМ Прилеп.
Фото: Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




