ТУЖБА ОД ГЕРМАНИЈА: Шамар за ЕЦБ пред почетокот
Објавено во: Економија, Свет 17 Мај, 2016 16:43
Противниците на мерките за поттик на ЕЦБ во Германија покренаа правна постапка како германската централна банка би била исклучена од програмот за откуп на корпоративни обврзници.
Жалбите пред Федералниот уставен суд имаат за цел Бундесбанката да не учствува во програмот за откуп на обврзници од корпорацијата на свежи печатени пари како би се намалиле трошоците за позајмување.
Откупот на корпоративни обврзници, кој уште не почнал е дел од широките мерки на ЕЦБ за подигање на инфлацијата и економскиот раст во рамки на кои од март 2015 година се купуваат државни обврзници.
Тужбата ја поднесоа германски професори и пратеници кои сметаат дека програмата мерки на ЕЦБ е претерана и дека им помага на земјите со неконкурентни економии или слаби владини финансии.
Професорот по права и финансии на Берлинскиот технички универзитет Маркус Кербер рекол дека поднел тужба со коелгите и шефови на низа компании. Тој вели дека програмот на ЕЦБ за откуп на корпоративни обврзници ќе ја поремети конкурентноста бидејќи тој програм ќе ги намали трошоците за позајмување за компаниите чии обврзници веќе се купени.
Кербер рекол дека проблемот е и што во случај да тие компании не можат да ги плаќаат долговите, трошокот би паднал на грбот на германските даночи обрвзници без одобрение на парламентот.
ЕЦБ се потпира на централните банки членки на еврозоната со пазрни операции, така што забраната на Бундесбанката да учествува би била голема пречка во спроведувањето на програмата.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




