06 Мај, 2024
0.0227

Твитер: Инвестираш 25 000, добиваш 10 милиони долари!

Објавено во: Стил 16 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Откако Twitter излезе на берза , неколкумина акционери ќе станат прилично побогати . Од New York Times ги анализираа финансиските документот и утврдиле дека Крис Сака, Union Square Ventures и Spark Capital  ќе заработат над 1 милијарда долари со својата рана инвестиција во Twitter. Но дури и оние кои не вложиле многу големи суми , како извршниот директор на Twitter,  Дик Костоло ќе направат многу милиони, пишува весникот. Во 2007 година , кога профункционира Twitter, ко-основачот на микроблогот, Еван Вилијамс почна да лобира за прибирање на инвеститори. Тој напиша и мејл до својот добар пријател Дик Костоло, каде го прашал дали ќе ја разгледа можноста за инвестирање на 25 000 или 100 000 долари во микроблогот . Три минути подоцна Костоло одговара дека ќе инвестира 25 000 долари, пари кои во тој момент биле лудост за се дадат за блог. На Костоло, оваа инвестиција од 25 000 долари ќе му донесе над 10 милиони долари , или 400 пати повеќе , по излегувањето на Twitter излезе на берза , пишува New York Times. Костоло, се претпоставува и дека добил многу повеќе акции , откако стана извршен директор на Twitter. А ако беше инвестирал 100 000 долари, прашува New York Times.