20 Декември, 2025
0.0605

Твој ден за шопинг во Капитол Мол во петок на 26 јуни 2015

Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2015 10:25

Добивај вести на Viber

Имено за крај на одбележување на месецот на потрошувачите, овој петок ги покануваме сите да дојдат на шопинг со одлични попусти подготвени само за овој ден. Воедно за да биде забавата уште поголема овој петок за тоа ќе се погрижат артистите и изведувачите од Баскерфест Македонија.

Семејно оријентиран и уникатен во пристапот, Капитол Мол одлучи пријатно да ги изненади своите потрошувачи. За таа цел заедно со своите партнери во трговскиот креираше одлични попусти и сет на активности, игри, подароци,работилнци и многу забава во текот на целиот ден . Децата ќе можат да учествуваат во многу игри и да се забавуваат со изведувачите од Баскерфест. Обезбедени се специјални попусти за шопинг, а дел од изненадувањата се и специјалните намалувања на понудата во рестораните за брза храна на третиот спрат.

capitol soping

Со својот пријатен амбиент, Капитол Мол симболизира квалитет во трговијата на мало и стана зборно место за локалното население, но и за сите кои го посетуваат. Вклучувајќи ги сите содржини кои им се неопходни на потрошувачите, Капитол Мол им обезбедува најдоброто доживување, најдобар шопинг и најмногу изненадувања.

„Овој настан го реализираме како заокружување на активностите кои во преден план го имаат потрошувачот и за таа цел продавниците во Капитол мол обезбедија одлични попусти и акции за сите, во текот на целиот ден. Со овој настан го најавуваме почетокот на сезонските намалувања во Капитол мол и воедно ова е прилика потрошувачите да се подготват за летната сезона која веќе официјално е започната. Ги покануваме нашите соседи, лојалните посетители и пријатели во петок на 26 јуни 0215 во Капитол Мол да уживаат во шопингот со одлични попусти и во забавата заедно со Баскерфест“ - изјави Даниела Адемоска, сопственик и Генерален Директор на Капитол Мол.

Капитол Мол и натаму ќе продолжи да ги наградува своите потрошувачи и да ги ослушнува нивните потребите, креирајќи понуди и услуги што ќе им овозможат на потрошувачите дополнителен бенефит и задоволство.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии