ТВРДАТ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ОДМАЗДА: ДУИ реагираше за разрешувањето на Зибери
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Јуни, 2020
Откако вчера министерот за здравство, Венко Филипче го разреши директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, со реакција се јавија од ДУИ.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) наведува дека разрешувањето на директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери, е одмазда кон првиот кандидат за премиер Албанец.
„Демократската унија за интеграција остро го осудува постапувањето пресметано врз дневнa политичка цел, освета и во функција на парламентарните избори, на министерот за здравство Венко Филипче против директорот на Институтот за јавно здравје во Скопје, Арбен Зибери. Ова политичко постапување на Филипче директно го загрозува здравјето на граѓаните и главната институција во борбата против со Ковид-19 и загрозува илјадници граѓани“, соопштија од партијата.
Сметаат дека кандидатурата на Насер Зибери за прв премиер Албанец им ги замаглила видот и умот на политичките опоненти кои, како што велат, не бираат средства за борба против еден Албанец на чело на институциите и на Владата, и по цена на загрозување на јавното здравје на граѓаните.
Претседателката пак на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска рече дека изјавата на сега поранешниот директор на ИЈЗ Скопје, Арбен Зибери е неетичка во изборна кампања.Министерот за здравство Венко Филипче ги отфрли обвинувањата на разрешениот в.д директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери дека неговото разрешување е политичко поради неговата роднинска врска со кандидатот за премиер на ДУИ.
„Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот“, информираа од Министерството за здравство.
Инаку, во Македонија бројот на заразени од Ковид -19 се уште е висок.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.