18 Декември, 2025
0.0520

Уапсен директорот на Фондот за здравство на Република Српска за набавка на респиратори во корона кризата

Објавено во: Балкан 23 Октомври, 2024 12:11

Добивај вести на Viber

Вршителот на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Српска (РС), Дејан Кустуриќ е приведен во денешната операција на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), со кодно име „Луна“, дознава Klix.ba.

Тој е приведен по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупција, организиран и сериозен економски криминал на Јавното обвинителство на Република РС.

Претходно беа претресени приватни и службени простории на повеќе локации во Бања Лука. Во текот на денот ќе се знае дали ќе се бара притвор за Кустуриќ, а треба да се напомене дека во РС е во тек штрајкот на адвокатите.

Кустуриќ е осомничен за злоупотреба на положбата, односно за склучување милионски договори склучени за време на пандемијата на коронавирус во врска со набавка на медицинска опрема, вклучително и респиратори.

Договори за набавка на респиратори склучи Фондот за здравствено осигурување на РС со фирмата Медиетик д.о.о. Бања Лука. Обвинителството на РС веќе подолго време води истрага за набавка на 165 респиратори. Набавени се за 12,9 милиони КМ, без ДДВ.


Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии