Уапсен е студентот кој предупредил за нападот во Анкара преку „Twitter“
Објавено во: Балкан 15 Октомври, 2015 16:17
Во Турција е уапсен студент кој на социјалната мрежа „Twitter“ предупредил за планираниот самоубиствен напад во Анкара, во кој загинаа десетици учесници на протестот.
Уапсениот е 23 годишниот Озан С., студент во Анадолу универзитет. Уапсен е во градот Ескишехир од специјалците за борба против тероризмот и транспортиран во дирекцијата на полицијата во Анкара со сомневање за соучесништво во крвавиот чин. Уште на денот на ужасниот инцидент, кој е најкрвававиот напад на територијата на Турција, истражните органи во турската престолнина наидоа на порака на „Twitter“, која предупредува за можноста за голем масакар.
Предходната вечер корисникот на социјалната мрежа со профил слика на Ленин и име Pir Ozan Abdal (AnotolyTodorov) напишал: „Во најужасната можност може да се случи Суруч-2. Бомбашките напади можат да доведат до најголемиот масакр. Митингот е дозволен правно, но може да се обратите до политичките стоножки и дури потоа може да обезбеди можноста за овој удар“. Соопштението имаше и проштален карактер, „Утре ако умрам таму, да не велат дека не ја сакам својата татковина“, напишал тој на „Twitter“.
Во 00,22 часот, истата ноќ тој =имал направено 8 споделувања и предупредил за претстојниот напад. „Ќе има многу луѓе, можно е полициско насилство и хаос, и паника од пукање со оружје. Дури ништо да не се случи, со мали провокации можат да загинат стотици луѓе. Јас исто така ќе бидам таму, можеби пишувам за последен пат тука“, гласеле пораките.
Мистериозниот корисник ветуваше ако остане жив, дека ќе собере голем број на информации, инаку препорачува да биде контактиран друг со име на социјалната мрежа „Goran Metsayan“. Во меѓувреме веднаш по експлозиите пристапот до „Twitter“ и „Facebook“ во Турција беше силно ограничен.
Денес премиерот Ахмет Давутоглу соопшти за нови 10 уапсени со сомневање за врски со терористичките групи. „Фокусот на истрагата прво е насочен кон факторот „Исламска држава“ , но се анализираат односите со други вооружени групи. Покрај идентитетот на двајцата бомбаши-самоубијци, нас не интересираат и нивните соучесници. Втората трага по која се работи напорно, е „Twitter“, затоа што веќе се докажа дека подготовката и координацијата за бомбашки напади во најголем дел се усогласени во социјалната мрежа“, изјавил тој. Меѓу уапсените има курдски бунтовници од ПКК и од „Исламска држава“.
Поранешниот министер за транспорт, превоз и комуникации Љутфи Елван кој е кандидат-пратеник од владејачката партија на правдата и развојот, предупредил во телевизиско интервју за можноста на пристапот до „Twitter“ да биде конечно ликвидиран во името на националната безбедност. Тој визира размена на пораки на социјалната мрежа од деновите пред крвавата сабота и нагласил дека тие се дело на терористи на ПКК и ID.
„Наша должност е да ги сопроведеме сите мерки, веќе постои постојан тренд социјалните мрежи да се искористат за организација на напади. Неприфатливо е „Twitter“ да биде виртуелен центар за координација на терористите и штом се наметнува, ќе го затвориме. Ако сопствениците се всушност против тероризмот, тие се обврзани да не поддржат, другото е неприфатливо за нас“, изјавил Елван. Тој нагласи дека напорите на истражните органи се насочени кон откривање на главните на терористичките групи и меѓусебните нивни врски.
Според експертите двојниот самоубиствен напад во Анкара има за цел да ја втурне земјата во хаосот на зајакнатата напнатост поради наближувањето на изборите и палењето на курдскиот конфликт.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




