Уапсен противникот на Путин, човекот за кој велат дека му сее страв на Путин!
Објавено во: Свет 30 Декември, 2014 21:36
Рускиот опозиционен лидер Алексиј Навалини е уапсен на уличниот протест организиран поради тоа што е осуден на условна казна од три ипол години затвор, јавува Би-Би-Си.
Навалини на твитер објавил своја слика со порак: „Домашен притвор да. Но денеска навистина сакам да бидам со вас. Затоа идам на Манјеж“.
Телевизиските слики од московскиот Плоштад Манјеж покажуваат дека се собрале повеќе стотици лица. Навалини после изрекувањето на пресудата ги повикал следбениците да излезат на улиците на Москва и да го „Уништат“ режимот на претседателот Владимир Путин.
[button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2014/12/27/video-od-ovoj-chovek-putin-najmnogu-se-plashi/" target="blank" ] (ВИДЕО) Од овој човек Путин најмногу се плаши![/button]
Неговиот повик следел откако на социјалната мрежа Фејсбук повеќе од 18.000 лица го потврдиле своето учество на собирот.
Навалини, адвокат и популарен блогер, стана интелектуална личност на опозицијата со спроведување на истрага за корупцијата на државните претставници и организирање на демонстрации против претседателот Владимир Путин во Москва во 2011 и 2012 година. Тој од февруари бил во домашен притвор поради вториот дел, а во денеска е осуден на условна казна од три ипол години затвор под обвинение дека со својот брат Олег проневерил 27 милиони рубљи (546.000 evra) и со тоа ја оштетил француската козметичка фирма „Ив Роше“.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




