10 Април, 2025
0.0312

Уапсен тинејџер кој со „голф“ усмртил малолетничка во скопско

Објавено во: Македонија 07 Април, 2025 11:32

Добивај вести на Viber

МВР објави дека е лишен од слобода тинејџер кој како возач на „голф“ учествувал во сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка. 

Возачот бил од Студеничани, а сообрачајната несреќа помеѓу две возила се случила на локалниот пат во скопско помеѓу Патишка река и Осиничани.
Покрај починатото малолетно лице, во Комлексот клиники „Мајка тереза“ завршиле четири повредени лица, меѓу кои и самиот 19-годишен тинејџер.

„На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Патишка река - с.Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „мерцедес“, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција“, извести полицијата.
Со телесни повреди се здобиле возачот Ф.А., сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и возачот У.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а У.О. бил лишен од слобода по член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


Можеби ќе ве интересира

Заменик-министерот Ристески: Ме касна куче, ама не земав пари

Заменик-министерот Ристески: Ме касна куче, ама не земав пари

Инвеститор градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, им урна ѕид на станари, општината ги повика да тужат

Инвеститор градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, им урна ѕид на станари, општината ги повика да тужат

Тошковски: Организаторите во измамата со брзи кредити по итна постапка ќе бидат спроведени пред суд

Тошковски: Организаторите во измамата со брзи кредити по итна постапка ќе бидат спроведени пред суд

МВР објаснува: Кривичните пријави „за организирање отпор“ се за непочитување на седумдневната жалост

МВР објаснува: Кривичните пријави „за организирање отпор“ се за непочитување на седумдневната жалост

Казна за кланица која испуштала крв во река во Струмица

Казна за кланица која испуштала крв во река во Струмица

Тензии во Кочани, во понеделник се бира в.д. градоначалник

Тензии во Кочани, во понеделник се бира в.д. градоначалник

Тетовските судии во одбрана на Ферати: Досудил најстрога казна за прегазувањето на Тамара

Тетовските судии во одбрана на Ферати: Досудил најстрога казна за прегазувањето на Тамара

МВР со вонредно предупредување: Чувајте се од „фишинг“ измами

МВР со вонредно предупредување: Чувајте се од „фишинг“ измами

Гол маж приведен во центарот на Скопје, па однесен во психијатриска болница

Гол маж приведен во центарот на Скопје, па однесен во психијатриска болница