20 Декември, 2025
0.0406

УАПСЕНИ СЕ ДВАЈЦА СРБИ НА КОСОВО: Србија обвинува дека Курти врши етничко чистење

Објавено во: Балкан 08 Август, 2024 16:21

Добивај вести на Viber

Косовските власти уапсија двајца Срби. 

Косовската полиција го уапси српскиот политичар Александар Арсенијевиќ од партијата Српска демократија на север, откако, како што тврди полицијата, ги попречувал работниците во општина Северна Митровица и ги одбил полициските наредби, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата во изјава за неколку медиуми ја потврди заменик-началникот на полицијата за северниот регион, Ветон Ељшани. За косовскиот портал на српски јазик КоССев, Ељшани одговорил дека уапсениот најверојатно ќе биде одведен на сослушување во јужниот дел на Митровица, без натамошни објаснувања.

Арсенијевиќ е уапсен на плоштадот „Браќа Милиќ“, во близина на мосотот на реката Ибар, откако се обидел да ги спречи општинските работници да ги префарбаат српските знамиња исцртани на ѕидовите на тамошните објекти.

Уапсен е и друг Србин. 

„Притворот на политичките активисти Александар Арсенијевиќ и Стефан Вељковиќ „докажува дека Србите се во право кога се повеќе од загрижени за нивната безбедност и егзистенција на Косово и Метохија, особено во светлина на намерата да се отвори мостот на реката Ибар, кој денес се покажа како брутално приведување и одмазда, токму во близина на мостот“, наведуваат од владината Канцеларија за Косово и Метохија. 

Инаку, Србите вчера протестираа и бараат да не се отвори мостот на Ибар. Косово сака да го отвори, но големите сили засега се против. 

Србија обвинува дека косовскиот премиер Албин Курти врши етничко чистење. 

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација