26 Јуни, 2024
0.0352

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Притворениот врховен судија за земање поткуп Наќе Георгиев се брани со молчење, вели неговиот адвокат во изјава која ја пренесува ТВ Алфа.

Нема аргументи се брани со молчење -само дека е наместен во целиот случај, толку. Други детали нема“ рече Александар Тумановски – адвокат на Наќе Георгиев.

Георгиев на 20 мај пред да замине за Струмица, на „Ватс ап“ има договорена средба со блиски членови на семејството на Боро Стојчев кои треба да му дадат кеш во евра, а тој да влијае во судскиот тек на постапката која се води против него.

„Средбата во хотел Вип, во централното градско подрачје е закажана за 15 часот. Георгиев доаѓа тука, разговара и ги зима парите, точно 10 илјади евра ама не знае дека тие се претходно обележани“, пренесува ТВ Алфа.

Планот да тргне кон Струмица му го спречуваат полицајците, па наместо на автопатот кон Штип, понеделникот попладнето врховниот судија завршува во полициска станица Кисела Вода. Околу 21 часоти 20-тина минути една интервента и четири цивилни полициски возила 22 часот го носат во канцелариите на Врховниот суд.

По неколку часовна проверка го враќаат во полициската станица каде ќе ја помине ноќта до следниот ден, вторник кога ќе биде спроведен во Скопскиот кривичен суд во 14 часот и 25 минути. Георгиев по околу два часа пред судија на претходна постапка, каде тврди дека го местат е и невин, завшува во ќелија во Шутка. Се жали, но советот не прифаќа олеснување.

Второосмичениот, обвинителот Иџет Мемети во понеделникот не бил поканет на средбата, но претходно помеѓу него и Георгиев наводно, паднале договори видео повик на мрежата за комуникација „Ватс Ап“. Тој тврди дека не знаел за средбата, немал информации за што посредува Георгиев, но признава дека се знаел со обвинители и судии и со нив пиел кафе.


Можеби ќе ве интересира

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано