УБАВА ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ, ГОРИВАТА ПОЕВТИНУВААТ - по полноќ се намалуваат цените на бензиските
Објавено во: Економија 28 Јули, 2025 12:26
Цените на бензините и на горивата се намалуваат по полноќ, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Како што е наведено во нивното соопштение, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) од полноќ се намалуваат за 1,00 денар по литар.
Што се однесува па до Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), тоа поевтинува за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на горивата по полноќ ќе изнесува:
- Еуросупер БС - 95 ќе биде 74,00 денари за литар,
- Еуросупер БС - 98 ќе се продава за 76,00 денари за литар
- Еуродизел БС (Д-Е V) за 70,50 денари за литар
- Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 70,50 денари за литар.
За 0,746 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 39,412 денари.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




