28 Март, 2024
0.0256

Убавините на Македонија дел од чешкиот фестивал ,,Околу светот”

Објавено во: Стил 13 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Македонските планини и нивните убавини се дел од програмата на чешкиот фестивал „Околу светот, кој претставува различни делови во светот. Во двата фестивалски денови на 23 и 24 март во две кина во Прага ќе бидат претставени делови од Македонија преку јужниот дел на Балканот до Исланд.

Фестивалот е место каде се среќаваат чешките авантуристи и љубители на патувања, кои низ коментирани видео проекции и фотографии претставуваат разни теми од светот.

Манифестацијата, ја посетуваат голем број љубители на адреналински доживувања и луѓе кои бараат инспирација за следната дестинација која ќе ја посетат.

,,Зимска Македонија" е наречена репортажата која е снимена на еднонеделен излет во македонските планини. - Во Македонија има прекрасни планини и ние како главна цел го избравме излезот и сртот на вториот и третиот највисок врв во поранешна Југославија - Голем Кораб и Титов Врв, објаснува Јан Пала, љубител на ски-алпинизам и планинарење.

Во репортажата, со воодушевување се претставени убавините на  Пелистер, највисокиот врв на планината Баба, кој е трет највисок планински врв во Македонија.

- Македонија нуди безброј можности за разни видови на зимски патувања или на алпско скијање како и брзо одење со скии. Во пролет, таму во планините, исто така, може да се оствари и средба со тукушто разбудена и намќореста мечка, шеговито се доловува адреналинското чувство кое го буди престојот во живописниот пејсаж на македонските планини.

Македонија е претставена и во репортажата на професионалниот геолог и музичар Јероним Лешнер, кој со помалку бизарен хумор го претставува своето патување на велосипед од Грција преку Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија до Косово.

- Јужниот Балкан е регион со воодушевувачки природни декори и целосно непознати природни богатства, луда музика, дива историја и возбудлива сегашност, која се рефлектира во извонредни, а понекогаш и доста сурови приказни на локалните жители. За време на неколку дена може да се почувствуваат планините со дрвени воденици на потоците кои одземаат здив. Можете да ги доживеете и 'рѓосаните железнички пруги и честите шумски пожари, наоѓалишта  на рубини, огромни бетонски споменици, кои се комбинираат со античките ископувања, се вели во несебичната покана за туристички доживувања на Лешнер.

Според програмата на Фестивалот, ќе има претставување и на околу 20.000 километри од Јужна Америка, видео- приказни за животот на Мадагаскар, Етиопија и изложба на фотографии од Австралија на Јан Брезина.

Фестивалот ,,Околу светот", кој освен во Прага, се организира и во Брно и Острава, се одржува два пати во годината.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи