„uBeam“ разви бежично полнење на смартфон со ултразвук
Објавено во: Мои пари 08 Август, 2014 17:20
Компанијата „uBeam“ разви систем на полнење смартфони на далечина, со помош на ултразвук.
Се работи за тоа ултразвуците да предизвикуваат вибрации кои ќе создаваат струја.
Фирмата направила бежичен полнач чија функција е да емитува ултразвуци кои ќе прават вибрации во телефонот, а тие потоа ќе создаваат струја, објавено е денеска на францускиот веб-сајт metronews.fr.
Системот би требало да им овозможи на корисниците, доколку во случај им се испразни батеријата на смартфонот во текот на разговорот, да ја продолжат комуникацијата на телефонот додека апаратот се полни а да не биде поврзан за самиот полнач и неговиот кабел.
Во моментот полначот е уште во фаза на прототип, но во „uBeam“ се предвидува неовата комерцијализација за четири години.
Тој систем би можел, во принцип, да биде проширен на сите електрични уреди.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




