07 Мај, 2024
0.0222

Убедливо најлошите авиокомпании на светот!

Објавено во: Стил 20 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Економската класа во авиокомпаниите станува се полоша и полоша. Ова е листата на 20-те убедливо најлоши авиокомпании во светот со кои се патува во економска класа. Рангирањето е направено со податоците на компанија „Skytrax“, која ги оценува авиокомпаниите. Се разгледуваат повеќе фактори како погодност на седиштата, забава за време на летот, чистота, квалитет на храната, услугата. Притоа од Од 20-то до 11-то место се рангирани: Sky Express, Ryanair, Merpati Nusantara Airlines, Biman Bangladesh Airlines, Cubana Airlines, Nepal Airlines, Royal Air Maroc, TAAG Angola Airlines, Pegasus Airlines и Spirit. Еве како изгледа листата на топ 10  најлоши авиокомпании во светот: 10. Syrian Air Компанијата работи со многу помалку летови пред поради европски санкции откако во земјата започна граѓанска војна. Во 2012 година еден нивни авион се судри во воздухот со воен хеликоптер. Авионот со 200 патници слета неповреден, но хеликоптерот беше уништен. 9. Tajik Air Компанијата е основана во 1923 година и е национален авиопревозник на Таџикистан. Последниот сериозен инцидент беше во 1997 година, кога 79 патници и 6 од 7 членови на екипажот загинаа. Во 1993 година во две несреќи загинаа над 120 лица. 8. Iceland Express Тоа е мала нискобуџетна компанија која има само два „Airbus“ A320. Компанијата беше купена во октомври 2012 година од WOW Air. Има ниски оценки за удобност, услуги и храна. 7. Россија Има седиште во Санкт Петербург и компанија неодамна ја обнови флотата, но за сега тоа не е доволно за да ја подобри и својата репутација. Во 2010 година компанијата се спои со Аерофлот. 6. Bulgaria Air Компанијата е основана во 2002 година. Има само две ѕвезди од Skytrax за погодности како ќебиња и перници, услуги и јазични вештини на екипажот. Има нешто подобра оценка во делот за забава за време на летот. 5. Air Koryo Севернокорејската компанија е единствената авиокомпанија во светот со само една ѕвезда. Клиентите велат дека во авионот капе вода, се пуштаат маршеви наместо музика, а храната изгледа лошо. Од целата флота, само два авиона се дозволени во воздушниот простор на Европа. Во моментов тие се обидуваат да ја надополнат флотата со купување на нови авиони од Русија. 4. Uzbekistan Airways Првиот лет на компанијата е спроведен во 1992 година. Имаат три фатални инциденти во кои загинаа 54 лица. Имаат по една ѕвезда од Skytrax за удобност и забава за време на летот. 3. Ukraine International Airlines Базирана е во Киев и лета до 60 дестинации во Европа, Блискиот Исток и Азија. 2. Sudan Airways Авиокомпанијата во моментов нема право да лета во Европа и служи само за во Африка и Блискиот Исток. 1. Turkmenistan Airlines Авиокомпаниите на Туркменистан се дефинитивно прогласени за најлошите во светот. Туркменистан е првата поранешна советска република која има Boeing за комерцијални летови. Имаат најлоши оценки од Skytrax за удобност, услуги, забава и се останато.