20 Декември, 2025
0.2846

Убиен командантот одговорен за масакрот во Пакистан

Објавено во: Свет 26 Декември, 2014 11:57

Добивај вести на Viber

Пакистанските безбедносни сили успеале да го елиминираат талибанскиот командант кого властите го обвинија дека стои зад извршувањето на масакрот во военото училиште во Пешавар во кој минатата недела беа убиени 150 лица од кои 134 деца, соопштиле денеска официјални претставници. Имануван како „Садам“, бил убиен доцна синоќа при размена на оган со силите за безбедност во немирната племенска област Кибер, која се граничи со северозападниот град Пешавар, каде на 16 декември беше изведен најстрашниот терористички напад во Пакистан. „Командант Садам беше гаден терорист, и е убиен при размена на оган со силите за безбедност во градот Џамруд во племенскиот регион Кибер“, истакнал денеска високиот претставник на локалната администрација, Шахаб Али Шах, на конференција за новинари во Пешавар. За време на огнената пресметка шестмина негови соучесници биле ранети а потоа и уапсени“, додал Шах. Според неговите зборови, се верува дека Садам помагал при изведувае на нападот во училиштето но се уште не е познато во која мера бил вклучен. „Властите во моментов ги испрашуваат повредените терористи“, објаснил Шах. Тој го опишал Шах како важен командант на групата палестински талибани Техрек – е – Талибан Пакистан и додал дека тој организирал неколку неодамнешни бомбашки напади. Талибаните и останатите милитанти се повлекоа во Кибер пред големата офанзива која во јуни беше покрената во Северен Вазиристан, друга немирна племенска област на границата со Авганистан која беше упориште на Ал Каеда и талибаните од почетокот на 2000 година.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја