19 Октомври, 2024
0.0286

УБИЕНИ СЕ 24 ПАТКИ, 6 ГУСКИ, 5 КОКОШКИ И ЕДНА ЧАВКА: Се огласија од АХВ, во ЗОО има птичји грип

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и поставен сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца (Птичји грип), по лабораториско тестирање на угинатата птица, со лабораториски резултат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје од вчера потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1, информираат од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ). 

-Во текот на денешниот ден, од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста, а извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата. Наредени се мерки согласно Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста Авијарна инфлуенца, велат од АХВ.


Со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширења надвор од зоолошката градина кај животните и кај луѓето, нагласуваат, забранет е влез и излез на животни од зоолошката градина,ограничено е движењето на луѓе (посетители) во зоолошката градина, наредени се мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во зоолошката градина за присуство на вирусот на Птичји грип, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширења надвор од зоолошката градина кај животните и кај луѓето.

-Мерките ќе бидат на сила 21 ден, почнувајќи од денес за кој временски период и зоолошката градина ќе биде затворена за посетители. Последните случаи на појава на високопатогена авијарна инфлуенца беа во 2022 година, во населените места Градец, Лески и Виница, место Селце во општина Штип и во близина на Злокуќани, општина Карпош, прецизираат од АХВ.

Авијарната инфлуенца или птички грип е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилијата Orthomyxiviridae, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија и ограничувања во увозот и извозот на живи птици и производи од живина. Дивите птици се познати како резервоари за вируси на птичји грип, главно од ниско патогени соеви затоа на глобално ниво се спроведуваат мерки за надзор, следење, појава и карактеристика на вируси на птичји грип кај дивите птици иако поголемото мнозинство на овие вируси не предизвикува болест.

Високопатогените соеви вирусот се патогени за живината, но како зооноза болеста може да се пренесе и на луѓето. Досега не е докажан случај на пренос на овој високопатоген сој од живина на луѓе иако е повеќе години во циркулација во земјите од ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

ОБЛЕЧЕ ДРЕС И СО СИНОТ ЗАМИНА ДА ГО БОДРИ ОМИЛЕНИОТ ТИМ: Герасимовски замина да го бодри „Работнички“

ОБЛЕЧЕ ДРЕС И СО СИНОТ ЗАМИНА ДА ГО БОДРИ ОМИЛЕНИОТ ТИМ: Герасимовски замина да го бодри „Работнички“

„ПО МЕДИЦИНСКА ЛОГИКА ТРЕБА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ЗОО ЗАЕДНО СО ОВИЕ СТРУЧЊАЦИТЕ У СКАФАНДЕР БЕЗ МАСКА ДА ИДАТ У ИЗОЛАЦИЈА„: Не стивнуваат реакциите

„ПО МЕДИЦИНСКА ЛОГИКА ТРЕБА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ЗОО ЗАЕДНО СО ОВИЕ СТРУЧЊАЦИТЕ У СКАФАНДЕР БЕЗ МАСКА ДА ИДАТ У ИЗОЛАЦИЈА„: Не стивнуваат реакциите

ГОЛЕМА ПРОСЛАВА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА МИТКО ЈАНЧЕВ: Неговиот син наполни десет години

ГОЛЕМА ПРОСЛАВА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА МИТКО ЈАНЧЕВ: Неговиот син наполни десет години

СКАНДАЛОТ ВО ЗОО СТИГНА И ДО СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ: „Убивање птици во Скопската зоолошка градина“, вели еден од насловите

СКАНДАЛОТ ВО ЗОО СТИГНА И ДО СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ: „Убивање птици во Скопската зоолошка градина“, вели еден од насловите

ШУМСКА ПОЛИЦИЈА СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: Еве што сработеа

ШУМСКА ПОЛИЦИЈА СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: Еве што сработеа

ЕВЕ СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ПТИЧЈИОТ ГРИП: Првиот случај на болеста птичји грип во Македонија беше откриен во 2017

ЕВЕ СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ПТИЧЈИОТ ГРИП: Првиот случај на болеста птичји грип во Македонија беше откриен во 2017

НЕМА ПРОСТОР ЗА ПАНИКА, ТРЕБА ДА СЕ ДЕЛУВА СТРУЧНО И ОРГАНИЗИРАНО: Д-р Лазаров ја смирува јавноста по скандалот во ЗОО

НЕМА ПРОСТОР ЗА ПАНИКА, ТРЕБА ДА СЕ ДЕЛУВА СТРУЧНО И ОРГАНИЗИРАНО: Д-р Лазаров ја смирува јавноста по скандалот во ЗОО

Отворен ден на Специјална Олимпијада Северна Македонија

Отворен ден на Специјална Олимпијада Северна Македонија

СО ВИСОКИ ПОЧЕСТИ, ТЕЛОТО НА САЛМОД БЕШЕ ИСПРАТЕНО ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: „Го започна своето патување од Македонија“

СО ВИСОКИ ПОЧЕСТИ, ТЕЛОТО НА САЛМОД БЕШЕ ИСПРАТЕНО ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: „Го започна своето патување од Македонија“