22 Декември, 2024
0.0316

Владата ги скрати парите за „Бехтел и Енка“ од 250 на 67 милиони евра

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Владата на една од последните седници ги скрати парите за оваа година од проектот на „Бехтел и Енка“ за автопатските делници од Коридор 8 и Коридор 10Д од предвидените 250 милиони на само 67 милиони евра

Толку пари ќе добие Јавното претпријатие „Државни патишта“ како инвеститор во останатиот дел од годината за изградбата на делниците Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола со измената на Програмата за финансирање.

Во точката во која се прикажува вкупниот износ за годинешното финансирање на проектот, износот 15.100.000.000, се заменува со износот 4.100.000.000 денари. Засега не е познато дали американско-турскиот изведувач во текот на оваа година добил извесна сума од минатогопдишната програма, кога за оваа намена на ЈП „Државни патишта“ му беа префрлени вкупно 250 милиони евра.

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ добил исплата на само еден аванс минатата година од државата. Ова го пишува во ревизорскиот извештрај на ЈП Државни патишта за 2023, каде стои дека изведувачот на автопатиштата од проектот Коридор 8 и Коридор 10Д бил исплатен само со почетен аванс од 50 милиони евра, односно 3,074,750 денари. Останатите пари од оние околу 250 милиони евра што Министерството за транспорт и врски тогаш му ги исплаќаше на „Државни патишта“ за овој проект, останале на сметката на јавното претпријатие без да се префрлат кај „Бехтел и Енка“.

Практично, американско-турскиот конзорциум минатата година работел само со овие почетни 50 милиони евра, а прашање е и дали со толку, бидејќи околу 20 милиони евра се пријавените приходи во билансот на работењето на „Бехтел и Енка“ во Македонија за минатата година кога и започна реализацијата на договорот што беше озаконет во Собранието, но остана тајна за јавноста.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во август годинава рече дека на „Бехтел и Енка“ нема повеќе да му се плаќа авансно. Таа додаде дека аванси без никаква реализација нема да бидат исплаќани, туку дека ќе се плаќа врз основа на реализација.

– Илузорно е да планирате 250 милиони евра за проектот за коридорите 8 и 10д во ситуација кога не можете да завршите експропријација, имате еден куп проблеми, кога не ја знаете трасата, односно кога знаете дека нема да ги реализирате и тие на крајот на годината ќе завршеа во некои коруптивни зделки – рече Димитриеска-Кочоска. Таа додаде дека за следната годината за овој проект ќе бидат планирани 250 милиони евра и дека веќе се работи на тоа проектот да почне да се реализира, да се гради и да се плаќа врз основа на завршени работи и ситуации.

Проекциите се дека целиот договор ќе чини 1,3 милијарди евра. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска летоска рече дека проектот на „Бехтел и Енка“ ќе продолжи да биде финансиран со дел од унгарскиот заем од милијарда евра. Инаку Владата тогаш, во време додека се правеше ребаланс на буџетот, го укина заклучокот на кој параф ставил Талат Џафери како технички премиер на 13 јуни, на само десет дена пред крајот на неговиот мандат. Со него турско-американскиот конзорциум пред време требаше да добие четврт милијарда евра. Министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека парите не биле планирани и не биле обезбедени во Буџетот.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА МЛАДИТЕ ЗА КРЕДИТ ЗА СТАН ВО СРБИЈА, ВУЧИЌ ГИ ОТКРИ ДЕТАЛИТЕ - до недвижност ќе можат да дојдат и студентите и невработените

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА МЛАДИТЕ ЗА КРЕДИТ ЗА СТАН ВО СРБИЈА, ВУЧИЌ ГИ ОТКРИ ДЕТАЛИТЕ - до недвижност ќе можат да дојдат и студентите и невработените

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?