УБИСТВАТА ВО ЦЕТИЊЕ СЕ ИЗВРШЕНИ ЗА 30 МИНУТИ: Една од жените ранета го земала детето и бегала
Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2025 18:32
Убиствата во Цетиње во Црна Гора се извршени за 30 минути.
Вршителот на должноста директор на Полициската управа (УП) Лазар Шќепановиќ изјави дека Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 луѓе во Цетиње, злосторствата ги извршил на пет локации во рок од 30 минути, а за првите убиства полицијата добила погрешна локација.
Полиција во 17 часот и 26 минути добила пријава дека во кафеана е употребено огнено оружје, но кај нив била пријавена погрешна локација – Бајице.
Шќепановиќ рече дека од првото до последното убиство поминале вкупно 30 минути. Патролата отишла на погрешна локација, која, како што вели, прво ги забавила нивните дејствија.
Тој рече дека вчера попладне, според потврдени информации, загинале 12 лица, меѓу кои две деца, а четири се ранети.
Во 17 часот и 16 часот е констатирано дека во кафеаната веќе се убиени четири лица.
„На таа локација Мартиновиќ го ранил М.В. роден 1984 година, А.М. (1983), Д.К. (1985). Сите тие преку ден престојуваче заедно во кафеаната и се познавале“, изјави Шќепановиќ.
Мартиновиќ веднаш се упатил на друга локација во 17:00 часот во населбата Хумци. Тој со автомобил пристигнал во населбата Хумци и во куќата прво го убил Ј.О. и М.М. Таму е ранета М.М., сопругата на убиениот М.М. Таа успеала да побегне ранета со детето во раце.
„Потоа отишол во куќата на родителите на веќе убиениот М.М. и ги усмртил неговите родители Р.М. и Р.М.“, рече Шќепановиќ.
Потоа масакрот го продолжил со убиството на двете деца. Потоа ја усмртил и својата родена сестра со која, како што изјавија од полицијата, бил во добри односи и само неколку часа претходно во нејзиниот дом заедно со неа и нејзиното семејство ја прославил Новата година. Мартиновиќ не бил женет и живеел сам. По масакрот, се самоубил. Работел како автолакер. Пред две години во Цетиње имаше масакр кој го изврши Вук Бориловиќ, кого полицијата го усмрти.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС




