Учесничка на протести на „Шарена револуција“ избркана од работа
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2016
Подофицерката Јасмина Дуриќ, која учествуваше на протести на „Шарената револуција” доби отказ.
Таа повеќе не е повеќе вработена во Министерството за одбрана.
Во изјава за 24 Вести, вели дека отказот официјално не го добила на домашна адреса, но нема плата, ниту социјално и здравствено осигурување, иако неколку месеци била на боледување. Правдата ќе ја бара на суд и ќе го тужи Министерството за одбрана.
Дуриќ смета дека причината за отказот е нејзината отворена поддршка и учество во протестите на „Шарената револуција“. Претходно Дуриќ беше прекомандувана од позицијата референт за логистика во Министерството за одбрана во Скопје, и префрлена на позицијата командир на магацинот за храна во касарната во Кичево.