УДАВЕНА НАДЕЖ: Шестчлено семејство изгуби се што имаше!
Објавено во: Економија 09 Август, 2016 08:20
“Триесет години труд и мака ги снема во миг, сега почнуваме живот од нула. Дали сонувам, дали ова е само лош кошмар се прашувам секогаш кога ќе се свртам наоколу. Неможам да си објаснам што не снајде Прво што помислив за да се утешам од страотната слика е дека домашните ми се живи и здрави. Добро е, тоа е најбитно. А потоа повторно се свртев наоколу, тоа остана од нашите надежи”- раскажува видно потресен.
Први напомош стигнале соседите. И тие во шок и неверување што ја снајде нивната населба. Деновиве почнаа со расчистување, но велат нема многу што да се спаси ниту од покуќнината, ниту од мебелот, облеката, апаратите во домаќинството. Се е прекриено со кал и прашина.
“Страотно беше и сеуште неможам да сватам како и што се случи. Мислам дека се се случуваше во секунди, додека излегов долниот дел од куќата беше поплавен. Ме фати паника за семејството. За неколку минути веќе неможевме да го познаеме нашиот дом.Немаше ниту време да реагираме. Оставивме се на божјата воља. Колата која ја купивме пред неколку месеци беше прекриена со кал.Видов уште неколку превртени возила во мојот двор. Ги носела калливата река. Водата ги исфрлила со себе”-раскажува Петковски.
Тој и семејството по три дена од поплавата сами ги санираат штетите во нивниот дом кој го изгубил ликот на мирно и спокојно огниште. Веќе ништо нема да е исто, додава Петковски кој заедно со семејството се прибрале неколку дена кај роднини. Нејтешко е вели кога повторно се враќа дома, а домот практично го нема. Сега веќе сувата кал и прашина е уште еден сведок за катастрофалното невреме кое од корен ја смени нивната судбина.
“Сликата е ужасна. Нема простор, нема предмет кој не е оштетен, прекриен со кал. Она што пред неколку дена го нарекувавме дом ќе ни остане само во сеќавањата и по некоја фотографија ако успееме да ја спасиме во купиштата расфрлани предмети. Не можам да се помирам со судбината, да изгубиш сѐ за 5 минути. Сеуште вадиме со кофи вода и кал. Ми помагаат роднините. Незнам каде да почнам да санирам попрво”- додава Трајко Петковски.
Неговото семејство е само едно од илјадниците од скопски Сингелиќ кои беа сериозно погодени од страотното невреме кое беснееше во скопскиот реон. Нивната судбина ја делат соседите од околните села Брњарци, Арачиново, Стајковски. Секој со иста мака. Сега единствена надеж им се хуманите луѓе, надлежните институции, општината, од кои очекуваат помош. Судбината вели Петковски ги направи практично бездомници. На потег и на тест се хуманите луѓе и институциите да се солидаризираат со најзагрозените семејства. Секој во рамките на своите можности да донира, санира, помогне.
“Овие денови сами расчистуваме, ни помагаат роднини и пријатели кои ни се единствената помош и утеха во трагедијата која не снајде. Очекувам помош од надлежните, да дојдат да видат каков пустош ни направи невремето. Засега никој не дојде. Ќе одам и во општина да барам помош. Не сакам да мислам дека покрај ваква судбина ќе бидеме заборавени”- вели Трајко.
Тој и неговото семејство ќе продолжи да се бори со последиците од стихијата. Друг излез вели нема, освен да не мисли на минатото и кошмарот од кој сеуште неможе да се разбуди бидејќи со денови легнува и станува со страотните слики од кобната вечер. Со време додава Петковски можеби ќе се поправат материјалните штети, но не и стравот, болката и стресот кој го преживеале. Да не се повтори!
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




