27 Април, 2024
0.0268

УГОСИТЕЛИ: Барем целосно затворете не до крајот на зимата, така ќе ни ја тргнете дамката дека ние сме жариштата на заразата

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Комисијата за заразни болести да препорача целосно затворање на сите угостителски објекти до крајот на зимата и со тоа да им помогне да ја оттргнат дамката од угостителската индустрија, да покажат и докажат дека тие ни оддалеку не се последните одговорни жаришта за несразмерно зголемените бројки на заболени од КОВИД-19, апелира Независната угостителска комора (НУК).

НУК предупредува дека угостителската индустрија ќе колабира ако Владата, без да обезбеди безусловна директна финансиска поддршка, ја прифати мерката најавена од Комисијата за затворање на некои економски оператори.

„За да и ја олесниме работата на Комисијата за заразни болести, ако досега не сфати и не научи дека угостителите се најмалку одговорни за зголемениот број заболени од КОВИД-19, и препорачуваме и ја поддржуваме да не дава повторно препораки за цепкање на работното време или нови крпеници кон постојните протоколи, туку да даде препорака за целосно безусловно затворање на сите угостителски објекти, не само на една недела, две или месец дена, до крајот на оваа зима, како би можеле навреме да донесеме одлуки вработените да ги пратиме на зимски одмор, а ние угостителските објекти да ги конзервираме до доаѓањето на пролетта“, наведува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски во денешното соопштение.

Според него, додека бројките на заболени по донесувањето на последните ограничувања на работа на угостителските објекти расте експоненцијално, угостителската индустрија тоне во долгови, обврски, проблеми со извршители, добавувачи и драстичен недостиг на гости. Резултат на енормното смалување на посетата на угостителските објекти, оценува Јосифовски, е и негативната кампања со која Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и Владата придонесоа изминатиот период со изјавите дека најголемите жаришта на заболувања од КОВИД-19 потекнуваат од угостителските објекти.

„Утрово очекуваме Комисијата за заразни болести да ја препорача најавената мерка за целосно затворање на некои економски оператори со која, ако Владата ја прифати, а не реагира веднаш паралелно, со директна безусловна поддршка за угостителите, Комисијата директно ја праќа во кома целокупната угостителска индустрија. Со новата препорака на Комисијата очекуваме од Владата итно да донесе одлука со која неискористените средства од претходните сет мерки веднаш ќе се пренаменат за угостителската индустрија во нов безусловен сет финансиска поддршка на угостителите и целокупната угостителска индустрија“, потенцира претседателот на НУК.

За респект е, велат од НУК; по сите препораки Комисијата за заразни болести и натаму да има стручно мислење дека зголемениот и континуиран број на новозаболени се уште потекнуваат од угостителите и покрај последните мерки за ограничување на условите и времето на нивна работа кои се во сила повеќе од 40 дена.

„Со новата препорака за целосно затворање Комисијата може само да ни помогне да ја оттргнеме дамката од угостителската индустрија и да покажеме и докажеме дека последни одговорни жаришта за несразмерните бројки на зголемување на заболени од КОВИД-19 ни од далеку не се угостителските објекти за кои постојат и се почитуваат протоколите за работа. Очигледен е и фактот дека Комисијата за заразни болести ако ова не го направи денес и веднаш, ќе го направи во наредните денови со што се повеќе станува реалност вистината дека декември, во кој традиционално угостителската индустрија ги остваруваше најголемите приходи оваа година, едноставно го нема“ наведува Комората.

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот