УГОСТИТЕЛИТЕ ОД ВРАЊЕ ПОРАЧУВААТ: Македонци добредојдени сте
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Февруари, 2021
Угостителите во српскиот град Врање не се плашат дека гостите од Македонија кои често го посетуваат градот, ќе придонесат бројот на заразени од коронавирусот да расте. Тие не сметаат дека туристите од нашата земја придонеле бројот на инфицирани да скокне.
Пристапните цени, добрата храна, шопингот ги „мамат“ граѓаните во Врање. Шопинг тури обично има во сабота. Предност е и тоа што градот е на 70 километри од Куманово и на стотина километри од Скопје.
„Што се однесува до нас, сметаме дека нема ризик и Македонците секогаш се добредојдени. Тиодоровиќ кажува како ќе му се каже, а ние него не го слушаме. Несторовиќ е компетентен за тоа и многу реален. Гостите од Македонија доаѓаат секојдневно, а посебно за викенд кога градот е полн со луѓе од Македонија. Короната генерално влезе во училиштата, најмногу од заразените се деца, наставници“, вели угостител од Врање.
Сепак, угостителите признаваат дека во овој период им е тешко, и едвај исплаќаат плати. Најголем дел од гостите кои доаѓаат во Врање се од Куманово и Скопје. Дел од рестораните од Врање се рекламираат и во Македонија, за да привлечат посетители.
„Што се однесува за нашиот ресторан, а сигурен сум и за другите во Врање, не ни пречат гостите од каде и да доаѓаат, независно од вакцините. Вирусот постои и е полош од обичен грип, но можеби за нијанса. Децата носеа маски и професорите во училиштата, а најголем раст имаше во училиштата и тие се затворени. Што се однесува до нас врањанците, јас на тоа гледам вака „ако некој е болен, и не се чувствува добро, тој сигурно нема да оди во кафеана, но мора да оди на работа (во Врање работат фабрики со 600 луѓе, тие се сликаат без маски на работа, а никој таму не влегува и не пишува казни). Или мораат да одат во училиште, па се заразуваат. Така што драги Македонци, доаѓајте ни во што поголем број“, објаснуваат од ресторан Двор и ресторан Чаршија.
Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ минатата недела изјави дека причината за растот на бројот на заболени е што луѓето малку се опуштиле, но и дека граѓаните од Македонија масовно доаѓаат во продавниците во Врање. Туристичките агенции организираа шопинг тури во Врање, откако се укинаа ПЦР тестовите за влез во Србија. Во Белград, Крагујевац и Врање има најмногу нови заболени. Врање вчера регистрираше 54 нови случаи на коронавирус. Претходните денови имаше и повеќе од 120 заразени на ден. Србија се покажа како многу успешна и надмина многу европски земји во процесот на имунизација.
Сања Атанасовска
фото Википедија
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.