УЈП: Апел за обнова на кодовите за идентификација за поднесување на МПИН пресметки

Објавено во: Економија 03 Април, 2025 15:35
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност кои досега не ја завршиле постапката за замена на кодовите за идентификација, што се користат за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку Клиентскиот софтвер, да ја завршат оваа постапка пред крајниот рок за поднесување на МПИН пресметките, до 10 април 2025 година. Воедно потсетуваме дека кодовите за идентификација се користат само за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку Клиентскиот софтвер и не се користат за потпишување на МПИН пресметките поднесени преку системот е-Даночни услуги.
Од воведување на можноста за поднесување на електронски барања за издавање код за идентификација, односно од 06 март 2025 година, преку системот е-Даночни услуги до денес поднесени се вкупно 28.609 барања за издавање на код за идентификација. Од нив обработени се 24.261 барање, од кои 16.739 се веќе преземени од страна на даночните обврзници. За преземање од страна на обврзниците остануваат уште 7.522 кодови. Апелираме обврзниците да направат проверка на своите профили на системот е-Даночни услуги и да ги преземат кодовите кои веќе се изработени.
Имајќи ја предвид обемноста на процесот, а со цел навремено постапување по барањата, Управата за јавни приходи има формирано тимови кои интензивно работат на овој процес. Во врска со постапката за поднесување на барање за издавање код за идентификација како и постапката за инсталација на преземените кодови, Управата за јавни приходи има изготвено и објавено Корисничко упатство за поднесување на Барање за издавање на клуч за спремање на плата и видео упатство за инсталација на кодовите (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1110 и
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1112 ).
Со цел навремено и точно информирање на даночните обврзници сите информации во врска со издавањето и инсталацијата на кодовите се проследени и до Институтот за сметководители и овластени сметководители и Комората на сметководители.
Дополнително, Управата за јавни приходи информира дека до денес, 03 април 2025 година, 43.002 даночни обврзници имаат поднесено МПИН пресметки за месец март 2025 година кои се прифатени и одобрени од страна на Управата за јавни приходи. Од нив, 11.636 обврзници веќе имаат исплатено бруто-плата по одобрените пресметки. Според евиденциите на Управата за јавни приходи во наредниот период до истекот на крајниот рокот за поднесување, односно до 10 април 2025 година, се очекуваат пресметки од уште околу 21.393 даночни обврзници
Можеби ќе ве интересира
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „СПРЕЧУВАЊЕ НА ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА И ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ СЕ ДВАТА ПРОЕКТА НА КОИ ЌЕ РАБОТИ КОМОРАТА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“

МИЛИЈАРДЕР БЛИЗОК НА ТРАМП: За ова не гласавме, претседателот Трамп со царините ја губи довербата на деловните лидери ширум светот

ШПЕДИТЕРОТ ГОЛЕМ АКЦИОНЕР МОЖЕБИ НЕМА ДА „ЛАПНЕ“ ГОЛЕМА ДИВИДЕНДА, АМА ЌЕ СЕ ОФАЈДИ ОД ГОЛЕМАТА ЗДЕЛКА - што ќе ѝ продаде „Фершпед“ на „Европа“ за пет милиони евра

Колку заработи бизнисменот Ајри Шеј од новокупената топлана во Скопје?

ТРИ ЛИЦА ЈА „БРКААТ“ РАБОТАТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ – имаат солидни плати, но и вишоци во касата

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ СО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ ПОРАДИ ТАРИФИТЕ НА ТРАМП: Стелантис им нуди попусти на американските клиенти

НАД 50 ЗЕМЈИ БАРААТ ПРЕГОВОРИ СО САД - американската администрација тврди „нема удар за потрошувачите“

„ЌЕ ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛЕН ТАРИФЕН ПРИХОД НА ПОЧЕТОКОТ“ - еве го објаснувањето на американскиот министер за финансии Бесент (ВИДЕО)

ПО НАПИСИТЕ ЗА РАСИПНА ХРАНА СЕ ОГЛАСИЈА ОД КАУФЛАНД - најавуваат темелно чистење и надворешни контролори за квалитет
